Астероидот 2012 TC4, има димензии меѓу 15 и 30 метри, а неговиот близок премин покрај Земјата, ќе биде голема можност да астрономите дознаат повеќе за него, наведува Европската вселенска агенција.
„Мал астероид кој ќе пролета покрај Земјата на 12 октомври и ќе им даде на научниците драгоцена можност да научат нешто повеќе за неговата орбита и состав“, се наведува во соопштението.
Тој на Земјата ќе и се приближи на растојание, кое отприлика е, десет пати поблиско од Месечината.
Кога е откриен во 2012 година, астероидот на астрономите им зададе голем број на прашања. Поради големата орбита, тие имаа на ум дека нема да можат да го следат пет години, и не беа целосно сигурни колку ќе и се приближи на Земјата.
Оддалеченоста од 44.000 километри е слична на растојанието на најодалечениот стателит во орбитата.
Научниците истакнуваат дека астероид со волкава големина, доколку влезе во Земјината атмосфера, би го предизвикал истиот ефект, како и метеоритот кој во февруари 2013 година, падна во Чељабинска.
„Кампањата за следење на 2012 TC 4 е дел од широката меѓународна иницијатива која ја спредводува НАСА. Оваа кампања е сјајна можност да се спроведат меѓународни способности за пронаоѓање и следење на објекти во близина на Земјата, како и за проверка на нашата можност за давање на заеднички одговор на реалната закана од астероид“, наведе ESA.
Asteroid 2012 TC4 will pass Earth at 44000 km in October, providing scientists valuable opportunity to study ithttps://t.co/NuQSTxZzbu pic.twitter.com/E9ys6ddif0
— ESA (@esa) 10 August 2017