„Ние сме на работ на глобална трансформација. Сè што треба е само една вистинска и голема криза, а народите самите потоа ќе го прифатат новиот светски поредок“, изјави во 1994 година на конференција во ОН Давид Рокфелер, основачот на Трилатералната комисија и заговорник на идејата на новиот светски поредок, односно една држава и една влада во целиот свет.
Дваесет години подоцна Андреј Пленковиќ, хрватскиот премиер, исто така во ОН, ја претстави таа идеја во името на сите Хрвати и го промовираше новиот светски поредок нарекувајќи го глобално управување.
„Дами и господа, веруваме дека системот на ОН заедно со нашиот заеднички потенцијал ќе може да промовира ефикасно, инклузивно и одржливо глобално управување кое ќе се темели на меѓународните принципи и на меѓународното право. Со таа желба Хрватска пристапи во ОН и пред 20 години“, изјави Пленковиќ, а оваа опасна изјава ја дополни со изјавата за глобално управување на Доналд Трамп во ОН. Претседателот на САД се отвори кон мултилатералните организации и глобалното управување во мултилатерализмот, кој, како што вели Пленковиќ, во таквата новонастаната ситуација ќе биде нормално Америка да ја има водечката улога.
Мултилатерализмот кој Пленковиќ го споменува е всушност меѓународното управување или глобалното управување.
Станува збор за една единствена влада на која ОН со години работи, а Пленковиќ го претставува целиот хрватски народ како послушник на таа идеја.
Со други зборови, нов светски поредок.
Се разбира, глобалното управување кон кое тежи Пленковиќ и кое цела Хрватска ја товари за заговарање и верување во систем на „глобално управување“ ги исклучува посебноста и суверенитетот, различноста на поедини земји и остварување на неприродна синергија и послушност кон одредени цели на управувачите. Глобално управување всушност значи идеја да се создаде единствен систем на сите држави на чело со неколку управувачи, односно нов светски поредок.
Новиот светски поредок е идеја за една држава, една влада и една вера (вера во човекот) која се гради веќе стотина години. Ќе се прашате дали навистина е можно да постојат луѓе и организации кои навистина сакаат да го променат основниот поредок?
Клучот на одговорот на тоа прашање може да се најде во некои коментари на луѓе и организации кои говорат за тие далекусежни промени во темелот на нашето живеење.
Веста на „Асошиетед прес“ од 26 јули во 1968 година гласи дека гувернерот на Њујорк, Нелсон А. Рокфелер, изјавува дека како претседател ќе работи на меѓународно создавање на новиот светски поредок.
Во документот насловен „Декларација за меѓузависноста“ претставен на 30 јануари 1976 година, а кој го потпишаа 32 сенатори и 92 претставници во Вашингтон, го пишува следното:
„Пред двесте години нашите предци создадоа нова нација, а ние сега мораме да се здружиме со другите и да создадеме нов светски поредок“.
Уште една личност која отворено говори за идејата на новиот светски поредок е Хенри Кисинџер, кој во 1975 година изјави:
„Нашиот народ единствено е даровит да ја одигра креативната и одлучувачка улога во новиот светски поредок кој се создава околу нас“.
Џорџ Буш на 12 мај во говорот на Универзитетот во Тексас го споменува новиот светски поредок велејќи:
„Конечно, нашата реалност е повторно да го примиме Советскиот Сојуз во светскиот поредок. Можеби светскиот поредок во иднина ќе биде вистинско семејство на народот“.
А дека новиот светски поредок, односно владеењето преку глобалното управување на тоталитарните влади не е енергична демократија која ни ги движи нашите мозоци докажува и изјавата на Хенри Кисинџер, поранешниот советник за национална безбедност и државен секретар и член на Билдерберг дружината, кој во 2007 година на конвенцијата Акбанка во Истанбул, која беше одржана неколку дена пред годишниот собир на Билдерберг, изјави:
„Сите кои се противат на новиот светски поредок се терористи!“
Станува збор за тоталитаризам скриен под маската на демократијата во кој човештвото е присилено да го прифати глобалното управување во кое врхушката на светот манипулира, а истовремено и депопулира милијарди луѓе на планетата или, како што поентира Пленковиќ, на тој начин го одржува човештвото на планетата. Каде во целата оваа приказна одлучува поединецот? Масата луѓе е угнетена, останува без вистината, без да може да размислува, без да може да дејствува.
Жално е што новиот светски поредок веќе почна да дејствува, а луѓето сè уште молчат Неописливата пропаганда не може да се види со цел да се создаде концентрирана светска влада, од чиј поглед ќе зависи иднината на светот.
Не, тоа не е свет на демократија затоа што не е допуштено да се мисли, ова ќе биде свет на авторитарна масовна манипулација и ништо повеќе од тоа.