Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе ги активира сите расположливи средства, вклучувајќи ги и тајните служби, во борбата против настојувањето на американскиот милијардер Џорџ Сорос да ја загрози неговата положба.
Сорос на видеоснимката навел дека Унгарија со Орбан на власт е под уште поголема репресија и во однос на онаа од времето на советската окупација и периодот од Студената војна, пренесува „Ројтерс“.
„Тој не може да дојде до мене, но ги користи и ги угнетува луѓето од опозицијата во Унгарија“, наведе тој.
Во текот на осумдесеттите години од минатиот век Орбан и Сорос биле сојузници во рушењето на комунизмот, но потоа тргнале по различни патишта. Сорос го опишува Орбан како опасен автократ, а унгарскиот премиер тврди дека Сорос им дава финансиска поддршка на опозициските групи и се меша во унгарската политика.
Орбан наведе дека му е должност да ги искористи сите можни алатки на државата за да се бори против притисокот на Сорос вклучувајќи ги и тајните служби.
„Затоа нарачавме известувачки извештај за начинот на работа како на унгарското така и на европското влијание кое го изведува Соросовата машинерија.
Тој додаде дека унгарските тајни служби оваа недела го завршиле извештајот, но не ги открил нивните заклучоци.
Владејачката партија Фидес се подготвува за парламентарните избори во април в година, а Орбан, кој е голем фаворит за трет мандат, очекува Сорос да соработува со неговите опоненти.
Клучниот конфликт меѓу Орбан и Сорос се однесува на прашањето на мигранти кои премиерот ги одбива, и ги смета за егзистенцијална закана на Европа, додека Сорос им дава помош на имигрантите и ја поддржува контролираната имиграција на илегалните азиланти.