Шефот на италијанско десно-радикалната партија „Лига“ Матео Салвини и либералниот демократ од Унгарија Виктор Орбан, имаат намера на изборите за Европскиот парламент во мај 2019 година, да освојат доволен број на места со кои би влијаеле на изборот и составот на новата Европска комисија.
Анти-миграционата коалиција има за план да ги врати мигрантите кои во моментов се наоѓаат во Италија и некои други членки на ЕУ, повторно во Африка. Националистот Орбан и Матео Салвини не се задоволни само да ги вратат мигрантите кои го минале Средоземното море назад во Африка, туку сакаат да создат „Коалиција против миграцијата“.
Виктор Орбан во ЕУ гледа два табора. Еден предводен од него, кој е против доселувањето на мигрантите, а другиот како што вели, ќе се залага за „бесконечно доселување“ и на негово чело ќе застанат неговиот нов омилен противник, францускиот претседател Емануел Макрон и Џорџ Сорос. И двајцата Орбан ги смета за „либерални“, што според негово толкување ги смета за „лоши момци“.
И Салвини критично гледа на Макрон кој го обвини за водење на нехумана миграциона политика и уцена на соседите во ЕУ. Салвини сега му возвраќа на Макрон и бара од Франција да ги прими мигрантите, азилантите и бегалците од Италија. Според еден договор меѓу Франција и Италија, Французите можат да ги вратат бегалците кои претходно биле регистрирани во Италија или некоја друга земја на ЕУ. Ваквото правило редовно го користат.
Viktor Orban and Matteo Salvini met and “called for the creation of a pan-European anti-migrant alliance that would seek to prevent migration to Europe.” https://t.co/1TENaMccw4 Viktor Orban and Matteo Salvini strive to forge new European anti-migrant alliance
— Joseph Stanick (@JosephStanick) August 31, 2018
Унгарскиот премиер кој со својата партија „Фидеш“, е во истиот пратенички клуб на Европскиот парламент како и пратениците од германските демохристијански партии CDU и CSU, сега сака да ги придобие и сестринските партии.
„Се надевам дека Европската народна партија EПП ќе застане на страната на европските народи“, изјави Орбан во Милано.
Шефот на клубот на ЕПП Мафред Вебер досега го поддржуваше Орбан, но прашање е колку долго германските конзервативци ќе учествуваат во ова десно движење.
Шансите за оваа нова Анти-миграциона коалиција во ЕУ не се лоши. Уште сега може да се каже дека истата ја поддржуваат земјите како Полска, Чешка, Словачка и Австрија. Славини и Орбан дури можат да сметаат на популарноста и во некои други земји.
Во Франција десно-популистичката партија на Марин Ле Пен беше успешна на европските избори во 2014 година и освои најмногу мандати.
Во Германија десно-популистичката AfD во своите анкети постигнува многу добри резултати. Во Данска, Финска, Шведска и Холандија, десните популисти се релативно силни. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер пред неколку недели со италијанскиот десничар Салвини и министерот за внатрешни работи на Австрија Хербер Киклом направија заеднички пакт. Тие ги затворија надворешните граници на ЕУ и колку е можно ги одвраќаа мигрантите од Европа. За распределбата на бегалците по земјите во ЕУ или реформите од Даблинскиот договор, три министри во Инсбрук не можеа да се договорат. Тука се интересите дијаметрално спротивни, иако никој не сака да ги прими бегалците од други земји на ЕУ.
Општата насока на европската миграциона политика не е далеку од курсот кој го застапуваат Салвини и Орбан. Шефовите на државите и владите на 28 членки на ЕУ во повеќе наврати одлучиле дека надворешните граници треба да се држат затворени. Исто така треба да се дигнат прифатни центри и надвор и внатре во ЕУ, со брзо издавање на азил. Од тоа сепак нема ништо. Ниту една земја не сака такви центри. Салвини смета дека во неговата земја ваквите центри се отвораат пребавно и поради тоа самиот ја затвори италијанската граница. Бродовите со бегалците ги држи како заложници за да ги уценува другите земји во ЕУ да ги примат.
Европската комисија ги криткува ваквите методи. Европскиот комесар за миграции Димитрис Аврамопулос вели дека е потребно долгорочно решение за распределбата на мигрантите, а не решение од брод до брод.
„Италија самата си пука во нога“, изјавил Аврамопулос за еден италијански весник.
Но, тука заврши целата работа.
Поради тоа, Салвини и неговиот ментор Орбан, тврдат дека нивните политики се успешни. Факт е дека доаѓаат се помал број на мигранти. Европската комисија потврдува дека бројот на нови мигранти е далеку под оној од претходните години.
„Нема криза“, постојано нагласуваше комесарот за миграција на ЕУ, Аврамопулос. Но намалениот број на бегалци почна долг период пред новата италијанска влада да стапи на должност. Популистите говореа за бегалската криза која не пости, вели еден ЕУ дипломат во Брисел. Оваа наводна криза тие ја искористиле за да ги подгреваат емоциите, а потоа ја импресионирале публиката со својата политика за наводно сузбивање на кризата.
Во самата Италија, сојузот меѓу партијата на Орбан и Фидеш и десничарската Лига, исто така наидува на скептицизам. Коалиционите партнери на Лига, „Движењето пет ѕвездици“, го критикува Орбан дека не сака да прифати ниту еден мигрант од Италија. Солидарноста меѓу националистите не постои. Истрагата која италијанското правосудство ја поведе против Салвини тој ја гледа како сигнал дека постапува исправно. Државниот обивнител го сомничи Салвини за злоупотреба на власта и мигрантите незаконски ги лишува од слобода.