Светски познатиот наркошеф Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, остатокот од својот живот ќе го мине зад решетки, но засега останува мистерија каде се наоѓа неговото богатство и пари, за кое се претпоставува дека тежи повеќе од 14 милијарди долари.
По 12 недели судење, Ел Чапо беше прогласен за виновен по 10 точки на обвинение, вклучувајќи ја и трговијата со дрога и перењето пари. Пресудата ќе биде изречена на 25 јуни, а сосема е сигурно дека водачот на картелот Синалоа ќе добие доживотна казна, која ќе ја мине во затвор во Колорадо.
Во обвинението од 2016 година се вели дека по пресудата по првата точка, водење на континуиран злосторнички потфат, САД ќе бараат имот или имотна оштета од 14 милијарди долари.
Тоа е најголемата вредност доделена на неговите криминални активности, но не е јасно како обвинителите стигнале до оваа бројка или дали тие пари воопшто постојат.
„14 милијарди долари е кумилативен износ на пари што се заснова на неговото преземање со трговијата со дрога, но американските обвинители никогаш не прецизирале од каде доаѓаат тие пари“, изјавил Данкан Левин, поранешен помошник на американскиот обвинител кој се фокусирал на перењето пари и имот.
„Кога службите на САД го уапсиле ЕЛ Чапо, ја одредиле оваа сума, иако не знаат дали обвинетиот навистина има толкава количина на парични средства“, изјавил Мајкл Вигли, поранешниот шеф на меѓународни операции на американската администрација за борба против дрога.
Според Левин, Ел Чапо заработил одредена сума пари од нелегални бизниси и дефинитивно постои некаков износ на пари, но нејасно е дали тие ќе можат да го докажат овој одреден износ.
The US got ‘El Chapo’ Guzman — now it has to get his $14 billion https://t.co/MjZgs1Y9zM pic.twitter.com/0kL2TNq0K2
— Facts and News (@Factsandnewscom) February 16, 2019
„Не верувам дека Ел Чапо има 14 милијарди долари. И покрај тоа што картелот Синалоа заработил голема сума пари, истиот и понатаму има многу трошоци“, изјавил Мајкл Вигил, укажувајќи на илјадниците луѓе на платниот список на картелот, на трошоците како што се авиони, автомобили и камиони, наркоподморниците, па дури и прекуграничните тунели за шверцување и на губитоците од запленетата испорака на лекови од милион долари.
Вигил изјавил дека во проценката на обвинителството обично не се покриени оперативните трошоци. Но Вигил објаснува дека некои од огромните заработки на картелот останувале во САД, додека значајната сума на крајот завршувала кај Гузман и неговите соработници во Мексико.
„Повеќето од овие луѓе како што се Ел Чапо и другите трговци со дрога, главно вложуваат пари во недвижности“, изјавил Вигил.
Поранешниот член на картелот, кој сведочел против Гузман, изјавил дека Гузман покрај приватните авиони, јахти и раскошни меѓународни одмори, купувал куќи на секоја плажа и секоја држава во Мексико.
„Во својата куќа на плажа во Акапулко, Гузман имал зоолошка градина со мал воз, со кој наркошефот се возел за да може да ги види лавовите, тигрите и пантерите“, изјавил еден од сведоците на судењето.
Постоеле и практични инвестиции како што се ранчевите и недвижностите, кои помагаат во перењето на валканите пари.
„Во престолнината Синалоа, Кулијакан, имале фарма за млеко, трговски центри. Дури имале и градинка“, изјавил Вигил.
Наркошефот исто така финансирал цркви, спортски тимови и добротоворни организации. Многу од луѓето сега се тажни затоа што го изгубиле главниот финансиер.
На средината на 2017 година мексиканскиот државен обвинител изјавил дека неговата земја открила само мал имот [to му припаѓал на Гузман и дека САД не пронашле ниту еден долар, главно затоа што Гузман не користел финансиски систем.
Оделението на трезорот во 2014 година именувал 288 компании кои во 2007 година се ставени на црната листа за учество во перење пари поврзани со Гузман.
„Постојат тврдења дека мексиканската влада прифатила мито, или некои луѓе тоа го направиле. Остaнува да се види колку кооперативни ќе бидат во обидите за пронаоѓање на имотот“, изјавил Левин.
Attorney: Ted Cruz has ‘better chance’ of paying for the wall than drug lord ‘El Chapo’ https://t.co/Lrtswmwogb pic.twitter.com/Q4g6AtoVcN
— WLOS (@WLOS_13) February 19, 2019
Пред неколку дена се повела и расправа околу тоа дали запленетите пари ќе се искористат за изградба на ѕидот на границата на САД и Мексико. Сенаторот од Тексас, Тед Круз, ветил дека ќе донесе закон со кој парите на Ел Чапо ќе бидат искористени за граничната безбедност.
„Тие милијарди ги заработил пренесувајќи дрога преку мексиканско-американската граница и сега би било фер парите да се потрошат за да се решат безбедносните проблеми поради кои дрогата стигнала во нашата земја“, изјавил Круз.