Откриени скелети на библиски џинови

Во неодамнешните археолошки ископувања во Сирија и Израел биле откриени дваесетина скелети со огромни пропорции во близина на античките рушевини Руж ел Хири.

Тимот археолози од Универзитетот во Тел Авив тврди дека скелетите веројатно се постари и од самите рушевини, за кои се претпоставува дека се стари повеќе од 5000 години.

На теренот биле забележани и наредени концентрични прстени, кои биле интересни за археологијата поради нивното споменување во Библијата.

Некои научници веруваат дека структурата на концентричните камени кругови, познати како Рајм ал Хири, покажува дека станува збор за астролошки храм или некаков вид опсерваторија.

„Во Библијата се вели дека над овие земји владеел Ог, васанскиот цар. Тој и неговата моќна војска биле убиени од Мојсеј. Дали станува збор за митските џинови споменати во Библијата, засега останува мистерија“, објаснува Гунтар Веб, раководителот на Одделот за библиски студии на Универзитетот во Тел Авив.

 

Scroll to Top