Откриено зошто е стопирано тестирањето против корона, една од волонтерките добила чудни симптоми

Интерен извештај за безбедноста на фармацевтскиот гигант „Астра Зенека“, кој онеодамна излезе во јавноста, открива што точно се случило со доброволецот кој развил непосакувани ефекти, откако ја примил вакцината против коронавирусот.

Веднаш откако една од волонтерките ја примила вакцината, која се развиваше на Универзитетот „Оксфорд“ во соработка со компанијата „Астра Зенека“, добила чудни симптоми, по што понатамошното тестирање беше прекинато, пренесува „Курир.рс“, повикувајќи се на „Њујорк тајмс“.

Извештајот детално опишува како волонтерката, претходно здрава 37-годишна жена од Велика Британија, доживеала трансферзален мијелитис, откако ја примила втората доза на вакцината. Таа на 5 септември била хоспитализирана.

Четири дена подоцна, „Астра Зенека“ го негирала медиумскиот извештај дека волонтерката заболела од оваа ретка невролошка состојба, која предизвикува воспаление на ‘рбетниот мозок.

Документот, под знакот „почетен извештај“, опишува како волонтерката имала проблеми со движењето, слабост и болки во рацете, како и бројни други симптоми.

Минатонеделното соопштение на „Астра Зенека“ најави доброволно откажување од испитувањето, затоа што кај еден од учесниците е забележана „необјаснива болест“. Во саботата испитувањето продолжило во Велика Британија, додека во Америка и понатаму е паузирано.

Поедини научници велат дека фармацевтската компанија не била целосно отворена. Портпаролот на компанијата вели дека тие, како спонзори на испитувањето, не можат да откријат повеќе медицински информации.

Од фармацевтскиот гиган изјавиле дека се посветени на безбедноста на учесниците и преземени се највисоките стандарди и мерки за време на испитувањето. Од таму велат дека само прашање на време е кога тестирањето ќе биде продолжено и во Америка.

Две недели откако ја примила и втората доза од вакцината, кај жената, која живее во Велика Британија, потврден е трансферзален мијелитис, со симптоми кои вклучуваат потешкотии во движењето, болки и слабост, наведено е во извештајот за безбедност.

Волонтерката првата доза од вакцината против коронавирусот ја примила на почетокот на јуни и тогаш се чувствувала добро. Втората доза ја добила на крајот на август.

Учесничката од студијата на 2 септември се сопнала додека трчала, но не паднала. Во извештајот се напоменува дека немала очигледни повреди на ‘рбетот. Следниот ден имала симптоми кои вклучуваат отежнато движење, болки и слабост во рацете, болки, главоболка и намалена способност за употреба на рацете.

Била хоспитализирана на 5 септември. Извештајот на „Астра Зенека“ двапати споменува дека кај жената е дијагностициран и потврден трасверзален мијелитис.

Исто така се вели дека неурологот кој е консултиран во овој случај сугерирал дека симптомите се во согласност со дијагнозата за трансверзален мијелитис.

Извештајот е испратен на лекарите кои го предводеле испитувањето на вакцината.Во извештајот, кој е испратен преку добавувач ангажиран од страна на „Астра Зенека“ , е опишана болеста како потврден трансверзален мијелитис.

Добавувачот побарал лекарите, ако е потребно, да поднесат извештај до својот институционален одбор за преглед или локален етички одбор.

Извештајот напоменува дека жената посетила невролог, кој изјавил дека пациентот во минатото не пријавил никакви невролошки симптоми или значителни болести. Во другата точка, изјавил дека постојат ограничени информации во врска со релевантната историја на болести кај субјектот.

Според извештајот, ниту еден друг сличен случај не е дијагностициран меѓу останатите доброволци во студијата. Неврологот забележал дека волонтерката во студијата почнала да се чувствува подобро.

„Олеснувањето на нејзините симптоми се случило прилично брзо, со оглед на тоа дека нејзината болест започнала пред четири дена. Нејзините симптоми се подобруваат. Силата и вештината во рацете стануваат подобри“, е наведено во извештајот.

Подоцна, од „Астра Зенека“ негирале дека се работи за мијелитис.

„Извештаите кои наведуваат дека сме потврдиле дека учесникот во нашето клиничко испитување боледувал од трансверзален мијелити, а кои се однесуваат на коментарите кои претходно ги дал нашиот извршен директор, не се точни. Директорот изјави дека не постои конечна дијагноза и дека нема да има додека независниот одбор не воспостави“, е наведено во извештајот објавен на 9 септември.

На прашањето за состојбата на волонтерката, „Астра Зенека“  ги упатила новинарите од Си-ен-ен на информативната листа за учесниците, која била ажурирана на 11 септември на веб-страницата на „Оксфорд“.

Таа листа се однесува на доброволците кои се пријавиле да бидат испитувани и кои развиле необјасниви невролошки симптоми, вклучувајќи и промена во чувствата или слабост на екстремитетите.

Во документот понатаму се вели дека по независниот преглед, се сметало дека овие болести не се поврзани со вакцината, или дека немало доволно докази за со сигурност да може да се каже дека истите се поврзани или не се поврзани со вакцината.

Останува нејасно зошто листата за пациенти од „Оксфорд“ се однесува на необјаснивите невролошки симптоми и не се споменува трансверзалниот мијелитис.

 

Извор/Њујорк тајмс/Курир.рс

Scroll to Top