Папата кој сакаше да го промени Ватикан умрел по само 33 дена на тронот

Албино Лучијани, познат како Јован Павле I бил папа кој неговите верници го обожавале, а истиот ќе остане запаметен како „насмеаниот папа“. Тој бил подготвен да направи големи промени во римокатоличката црква, но за жал прераното заминување од овој свет му ги порететило плановите.

На положбата папа останал само 33 дена, пред изненадувачки да почине. Овој настан длабоко ги потресол неговите следбеници, а постапките и изјавите на Ватикан за неговата смрт, покренале голем број на приказни и теории. Почнале низа на бројни теории на заговор, за тоа дека папата бил отруен, а ваквата приказна е привлечна за голем број на заговорници до ден денешен.

МЛАДОСТА И НАПРЕДУВАЊЕТО ВО ЦРКВАТА

Албино Лучијани е роден во 1912 година во Белун, градот во северниот дел на Италија. Тој бил првиот папа кој е роден во XX век, а трет папа со најкратка служба. Уште како дете посакувал да стане свештеник, нешто што успеал да го оствари во 1935 година.

Потоа се враќа во Белуно каде се занимава со работата во бискупијата, и станува заменик на ректорот. Во 1947 година, докторира во областа на теологијата, на Универзитетот Грегориан во Рим, па почнува да ја извршуува функцијата генерален викар на бискупијата Белуно и Фелтре.

Во 1958 година, папата Јован XXIII го именува за бискуп Виторио Венета. За време на именувањето, личниот секретар на папата Јован XXIII, Лорис Каповил го прераскажал раскажувањето на папата:

„Како е тоа возможно“, се запрашал папата.

„Документите за Лучијани да останат на страна? Зошто сеуште не е бискуп?“.

На ваквото прашање на папата му било одговорено дека Лучијано е оценет како побожен човек, добродушен и дека е извонреден теолог.

Но постоеле два проблеми. Тој бил болесник и слаб со здравјето. Тогаш папата рекол:

„Па, и покрај тоа што здравјето е проблем, сепак ќе го именувам за бискуп. Ако умира, нека умира како бискуп“, изјави папата.

Тоа била кариера против неговата волја. Како бискуп тој учествувал во работата на Вториот ватикански сабор. Во тој период, папата Јован XXIII умира. а Лучјано го следи во секој чекор новиот папа Павле VI и ги брани неговите ставови.

Во 1973 година, папата Павле VI го именува за кардинал. Иако политички наизглед бил склон кон левицата, тој јавно се изјасннил дека комунизмот е неспоив со христијанството. Бил склон на реформите, па се противел на раскошните свечености.

Ги поттикнувал свештениците, ако е потребно, да го распродадат скапоценото црквено богатство, во корист на сиромашните. Објавил и книга по име „Ilustrisimi“, серија на духовни писма на историски и измислени лица.

ИЗБОР ЗА ПАПАТА

По смртта на папата Павле VI во 1978 година, Лучијани е избран за папа во август истата година, превземајќи го името на папата Јован Павле. Лучијани на самиот почеток на конклавата, веќе го имал насетено исходот од гласањето. Од самиот почеток бил кандидат кој имал најголем број на шанси да стане папа. Во конклавата учестувале 111 кардинали, што дотогаш претставувал најголем број на учесници.

По само четири круга, гласањето на 26 август 1978 година бил избран за папа. Лучијано на насобраните кардинали им соопштил:

„Господа кардинали, нека Господ ви го прости тоа што ми го направивте…“.

Го зема името папа Јован Павле I, по моделот на својот претходник, затоа што како што рекол, прво го именувал за бискуп, а потоа за кардинал.

Сакал да продолжи по нивниот пат во духот на Вториот ватикански концил. Првичните реакции на новиот папа биле позитивни, и луѓето многу очекувало од него. Тој бил првиот Папа со двојно име.

Од првиот момент по стапувањето на должноста ги освоил срцата на луѓето со својата добродушност и насмевка. На својата прва миса во Сикстинската капела, отворно им го признал на кардиналите своето неискуство со зборовите:

„Се надевам дека моите браќа кардинали на јадниот мене, ќе ми помогнат да го носам крстот на оваа служба. Во одредена смисла, жал ми е што не можам да се вратам на едноставниот свештенички живот“, изјавил тој.

Тој бил првиот папа кој не сакал да го носат на носилка, но на молба на голем број на верници, бил приморан да се согласи. На една од своите општи аудијенции на собраните верници им рекол:

„Никој никогаш не ми рекол – „Ќе бидеш папа!“ – Да ми кажеше некој претходно, повеќе би учел и подобро би се подготвил.

За политика немал време, а го правел она што најдобро го умеел“, разговарал со луѓето. Луѓето се чувствувале дека тој е папата кој навистина се интересира за нив.

Папата ги сакал луѓето, и за тоа требало многу сила. Прв и единствен пат, папата излегол од Ватикан на 23 септември, и потишол до базиликата свети Иван Латарански, за да ја превземе службата на римскиот бискуп.

СТАВОВИТЕ ЗА БРАКОТ, КОНТРАЦЕПЦИЈАТА…

Додека сеуште бил бискуп во 1968 година, се залагал црквата да дозволи употреба на контрацептивни пилули. Бил противник на абортусот, затоа што сметал дека го крши божјиот закон и дека е во спротивност на женските убедувања.

Кога од него било побарано да го прокоментира раѓањето на првото бебе од епрувета Луиз Браун, тој ја изразил својата загриженост дека жените поради вештачкото оплодување во иднина би можеле да се сметаат само како „фабрика за производство на деца“, но одбил да ги осуди родителите на новороденчето.

Сметал дека вонбрачната заедница не би требало да се изедначува со бракот, и ја сметал за „помало зло“ од разводот.

Што се однесува до хомосексуалците, Лучијани во 1974 година, исткнал дека сексуалноста која е вродена во човекот, мора да биде дел од љубовта која некој ја чувствува кон личноста од спротивниот пол.

Продолжува

Scroll to Top