Пациент што преживеал мозочен удар лежејќи парализиран во болнички кревет во болница во Гетеборг во Шведска, слушал како лекарите разговараат за продажба на неговите органи пишува abcnews.
Швеѓанецот Џими Фриц (47) го слушнал секој збор, но не можел да реагира затоа што не бил во можност да се помрдне или да зборува.
„Заспав во тој момент. Не можев да се разбудам. Помислив дека ќе умрам“, раскажал Фриц за ABC News.
Фриц изјавил дека лекарите ја повикале неговата поранешна девојка да го повика неговото семејството и пријатели за да се простат од него. Но, пред да се исклучат апаратите за живот и прекине медицинската нега, друг доктор дал второ мислење и сметал дека Фриц може да закрепне.
Фриц по неколку недели подоцна, се разбудил и бил во состојба да комуницира со семејството. Швеѓанецот се обидувал потоа да ја поврати мобилноста, да почне да оди и говори.
„Кога се разбудив првиот пат, можев да ги мрдам само прстите. Сега, можам да го мрдам секој дел од моето тело. Но, сеуште не можам да одам. Тоа е мојата желба. Да можам повторно да се одам“, изјавил Фриџ.
Тој повел тужба против лекарите за кршење на правилата, пишува порталот „Локал“.
Д-р. Кети Сила, директор од „Центарот за сеопфатен мозочен удар во Универзитетскиот Медицински центар, вели дека лекарите треба да бидат многу внимателни во врска со можноста пациентите кои се во кога и со можноста тој да може да ги разбере и во случаи кога тој не реагира.
„Мора де сме многу внимателни кон пациентите. Треба секогаш да претпоставиме дека кај пациентот има одредено ниво на свест, кога разговораме пред него“, изјавила Сила.
Д-р Михаел ДиЏорџ, професор по неврологија и директор на Центарот за неврокритична нега во медицинскиот центар на Универзитетската болница во Кливленд, Охајо, вели дека во вакви слични случаи мозокот може да изгледа дека има трајно оштетување поради оток, но кога отокот ќе се смири постои шанса пациентот се опорави.
„Волстрит џурнал“ објавил извештај за индустријата со донирани органи, во кој стои дека лекарите редовно вадат органи од пациенти кои што сè уште се живи. Со новите американски прописи на лекарите им е дозволено да вбризгаат „парализатор“, доколку телото не престане да се мрда, а потоа безбедно ги отстранат органите.
Често се случува раководствата во болниците заработи многу пари од бизнисот со органи, во однос на заработката од наплата на трошоците на пациентите чиј живот го спасиле. Тоа особено се однесува на случаите кога пациентот нема здравствено осигурување и е тешко да се наплати огромната медицинска сметка.
Многу анестезиолози и сестри јавно сведочеле за пазарот со трупови и реакции на телата што се случувале во текот на операција за отстранување органи. Во случајот со Фриц, тој не можел да се помрдне за лекарите да добијат знак дека ги слуша.
Фриц, кој претрпел крвавење на мозокот додека бил со својата девојка, сега подигнал тужба против болницата и побарал против лекарите да биде поведена истрага за да се утври нивната поврзаност со црниот пазар на органи.
Портпаролот на болницата во која престојувал Швеѓанецот изјавил дека персоналот целосно ќе соработува со истражителите и дека ќе се утврди што точно се случувало.