Оптимизмот за односите меѓу Северна и Јужна Кореја може да се каже дека дојде до високо ниво кога во вторникот беа направени меѓународни разговори. Истите беа прогласени за сериозни и искрени и било најавено дека ќе дадат вредни резултати.
„Денеска Северна и Јужна Кореја ќе учествуваат во разговори со сериозен и искрен став“, изјави во вторникот Сон-Гвон-Ри, претседателот на одборот за мирно одделение во Северна Кореја.
Ри, кој го води преговарачкиот тим на Северна Кореја од пет члена, се ракуваше со јужнокорејскиот колега, министерот за обединување Чо Мoјонг, пред почетокот на разговорот велејќи дека се надева на плодни резултати.
Во текот на нивната расправа Сеул предложил оживување на воените разговори со Пјонгјанг. Беше зборувано за критичките прашања за денуклеаризацијата, извести „Јонхап“.
Јужна Кореја исто така предложила повторен состанок веќе следниот месец, каде е планирано тема на разговор да бидат раздвоените семејства од корејската војна.
„Северна Кореја изјави дека е подготвена да го направи разговорот поплоден со отворање безброј можности“, изјави заменик-министерот на Јужна Кореја во Обединетите нации, Чун Хае Сунг.
Чo Мојонг, пак, изјави дека Северна Кореја ќе испрати спортисти и високи службеници како дел од својата делегација во Пјонгјанг на Зимските олимписки игри во 2018 година и предложил членовите од двете земји да маршираат заедно на свеченото отворање.
Севернокорејскиот тим по таеквондо, заедно со пејачи и танчарки, исто така ќе учествува во согласност со јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.
Во пресрет на разговорите Чо Мојонг изјавил дека се надева оти одделни делегации ќе бидат во можност Олимписките игри и Параолимпијадата да се претворат следниот месец во фестивал на мирот и дека состанокот во корејската демилитаризирана зона ќе послужи како прв чекор на затоплување на односите.
Јужнокорејската главна делегација не дала никакви детали, но рекла оти делегатите нема да бидат во брзање и дека разговорите ќе продолжат на мирен начин.
Сеул ќе го разгледа привременото укинување на санкциите на Пјонгјанг за Северна Кореја со цел да може да ги посети Зимските олимписки игри во февруари, изјави портпаролот на јужнокорејското Министерство за надворешни работи, Рох Куи Деок.
Јужна Кореја забрани влез за севернокорејските претставници во земјата како одговор на неодамнешните тестови на лансирање на баластичките проектили.
Во понеделникот потпретседателот на САД, Мајк Пенс, изјави дека Доналд Трамп ќе овозможел да се случат разговори меѓу САД и Северна Кореја.
„Претседателот Трамп изведе невиден економски и дипломатски притисок врз Северна Кореја“, изјавил Пенс.
„И, да, Северна Кореја буквално мора да биде подготвена да седне со Јужна Кореја и во иднина да зборува на темата за Олимписките игри. Мислам дека ваквите разговори се последица на притисокот што претседателот Трамп го изврши врз Северна Кореја“, изјави Пенс во интервјуто за Радио Америка.
Сеул ја поздрави иницијативата, предложувајќи конкретна понуда за разговорите кои дополнително се договорени со Пјонгјанг.
Одлуката повторно да се активира дипломатскиот телефон по состанокот доаѓа кога Вашингтон се согласи да ја одложи заедничката воена вежба со Сеул откако јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин го повика Доналд Трамп да ги одложи вежбите до крајот на Олимписките игри.
САД во меѓувреме ги доведоа во сомнеж мотивите на Пјонгјанг што се однесува до разговорите со нивниот јужен сосед, а портпаролот на Стејт департментот, Хедер Науерт, вели дека севернокорејскиот лидер залудно се обидува да направи јаз меѓу САД и Јужна Кореја во текот на разговорите.
И додека за Вашингтон немало место на масата за преговори, тоа не го спречило лидерот на САД да си го препише успехот за организирање на ваквите разговори за кои кажа дека биле овозможени благодарение на тврдиот став на Америка кон Северна Кореја.