Шведското обвинителство по повеќе од тридецениска истрага, соопшти дека Стиг Енгстром е човекот кој во 1986 година го убил премиерот Улоф Палме. Истрагата е завршена, поради тоа што Стиг во меѓувреме сторил самоубиство.
„Убиецот на Улоф е Енгстром. Затоа што е мртов, не можам да подигнам обвинение против него и одлучив да ја затворам истрагата“, изјавил обвинителот Кристер Петерсон.
Енсгстром се убил во 2000 година. Тој го застрелал Пламе во грб, додека премиерот на Шведска се враќал дома со сопругата Лисбет од кино во Стокхлом.
За убиството на Улоф во текот на истрагата имало повеќе осомничени. Еден од нив бил Кристер Петерсон, кого идентификувала сопругата на Палме, Лисбет.
Тој е обвинет и осуден во 1988 година, но е ослободен од страна на Апелациониот суд. Врховниот суд на Шведска ја обил петицијата за ново судење на Петерсон. Тој починал во 2004 година.
Поради убиството уапсен е и шведскиот екстремен левичар Виктор Гунарсон, но и тој брзо потоа бил ослободен. Германски „Фокус“ објави во 2011 година дека убиството на Улоф Палме е поврзано со тогашната југословенска тајна служба.
Јужноафриканскиот полковник на полицијата во пензија, Јуџин де Кок, во 1996 година и ги предал на шведската полиција, трагите кои укажувале дека Палме бил убиен. Тој силно се противел на политичкиот апартхејд во таа земја.
Разни шведски новинари и публицисти, го врзуваа убиството на Палме со продажба на оружје во Индија, чилеанските десни екстремисти финансирани од ЦИА, давање на азил на левичарите во таа земја и со заговори во шведската екстремна десница и курдските политички организации.
Шведскиот новинар Томас Петерсон, уште пред две години објавил дека Палме бил убиен од Стиг Енгстром. Неговите наводи ги пренеле бројни шведски најбарани весници, како што се „Експресен“ и „Алфонбладет“. Неговата теорија била дека Енгстром го убил Палме, додека бил на работа.
Енгстром работел во осигурителната куќа „Скандија“, чие седиште се наоѓало во близина на местото на убиството. Тој објаснил дека Енгстром бил противник на политиката на Палме и дека ја искористил можноста да го убие премиерот во близина на својата фирма.
Енгстром бил сослушан како сведок кој прв се пријавил на местото на убиството, а кратко потоа бил осомничен и бил набљудуван од полицијата. Сомнежите кратко потоа биле отфрлени.
Енгстром потоа се појавувал во медиумите, зборувајќи како сакал да му помогне на ранетиот Палме. Тој изјавил дека сведоците погрешиле кога го опишале како убиецот на премиерот. Тој се правдал дека сакал само да му помогне на ранетиот Палме.