Еден од најмистеризоните атентати на светот, убиството на шведскиот премиер Улоф Палме пред 34 години, можеби ќе добие своја разрешница. Главниот обвинител во овој случај Кристер Петерсон изјави дека е убеден дека може да објасни што се случило и кој стои зад убиството на премиерот.
„Мојата цел е да го изложам обвинението во врска со овој случај во првата половина на 2020 година“, изјавил Петерсон за шведскиот SVT. Тој истакна дека е оптимистичен по тоа прашање.
„Напорно работевме и имаме траги во кои прилично веруваме“, објаснил Петерсон.
Петерсон засега не ги именуваше можните осомничени, ниту прецизираше кога обвинението ќе биде објавено. Во спротивно случајот веќе одамна би бил затворен, пренесува Асошиетед Прес.
Палме е убиен во Стокхлом на 28 февруари 1986 година, откако со сопругата Лизбет се враќал од кино. Лизбет Палме била повредена во нападот, а подоцна како напаѓач бил идентификуван Кристер Петерсон, кој бил осуден за убиството на премиерот. Оваа пресуда подоцна е поништена, а атентатот до ден денес остана мистерија.
Асошиетед Прес укажува и на случајноста во сличноста на презимињата на главниот обвинител и главниот осомничен кој во меѓувреме почина.