Во Хрватска и другите поранешни комунистички земји, на власт и понатаму на власт се старите елити, пишува во текстот кој излезе во весникот „FAZ“. Авторот во истиот ја гледа и причината за ретко казнетото гонење на комунистичките злосторства и препорачува лустрација.
„И додека во балтичките држави како Полска, Чешка, Словечка и Унгарија, во кои донекаде се успеа да се заменат старите елити, во Рманија, Бугарија, Словенија и Хрватска, и понатаму се речиси недопирливи – како во политиката, економијата правосудството, така и во високото образование и медиумите“, изнесува авторот Карл-Питер Шварц, во својот текст „Организирано вртење на главата“, објавен во денешното (24.6) издание на германскиот дневен весник, Франкуртер Алгемеине Ѕајтунг (FAZ).
За илустрација, тој наведува неколку примери, а меѓу останатите и случајот со романската новинарка Ондине Гергут, која неодамна, американската Амбасада во Букурешт, ја одликуваше за нејзините истражувања во политичката корупција и поврзаноста со комунистичките тајни служби.
Но, таа иста новинарка, сега во својата татковина, е осудена на парична казна од 300.000 евра затоа што со своето пишување го „нарушила угледот“ на еден од поранешните државни адвокати, против кој се води постапка поради корупција. „Кај просечната месечна плата од околу 400 евра, таква пресуда, е исто како и доживотен присилен работен ангажман“, заклучува авторот.
„Картел на посткомунистичките олигарси“
Во текстот се наведуваат и разни резултати од истражувањата на „Платформата на европските сеќавања и совести“, кои ги координира делувањето на институтот и организациите ,кои ја следат историјата на тоталитарните режими.
„25 години по промената во 1989 година е претставена таа (платформа), со отрезнувачки биланс: Источна и Југоисточна Европа не успеаа успешно да ги пребродат наследниците од комунизмот; неговите злочини речиси и да не се гонети, а ниту во една посткомунистичка земја не владее солиден државноправен однос.
Комунизмот, додуша, идеолошки одстапил, но „новата класа“, ја задржа својата власт“, пренесува Шварц. Тој наведува, како Милован Џилас веќе во 1957 година, таа класа ја дефнинирал како „експлоатациска сопственичка класа“, која се состои од членови на комунистичките партии на власт.
„Новите политички етикети, на таа класа, сеуште ги чуваат своите интереси. Во Русија, советската диктатура ја заменија со плебистцитиарна диктатура на еден претседател, кој со својата антизападна и националистичка реторика, ја осигурува поддршката за својата политика на агресија и дестабилизација на соседните земји.
Во источната и југоисточната Европа зад демократската фасада на картел владата, на посткомунистички олигарси, кој ја презвемеаа власта над државиите, странките и медиумите“, се предупредува во текстот на Франфуртер Алегемеин Ѕајтунг.
„Задоцни откривањето на комунистичките злочини“
Се пренесува и најновиот индекс на фондацијата Бертелсман, во развојот на демократијата и пазарната економија во транзициските земји кои укажуваат на влошување во 12 од вкупно 17 посткомунистички европски држави. Напредокот очигледно е забележан само во балтичките земји и Полска.
„Не е случајност што земјите кои постигнаа најдобри резултати, исто така и најмногу се занимаваа со своето минато. Добро се покажа, токму лустрацијата, често критизирана од страна на Запад, кој поранешните претставници ги исклучи од јавниот живот. Но, не успеаа во правосудството. Во склоп со тоа, правосудството е неотпорно на политичкото влијание и корупцијата“, објаснува Карл Питер Шварц.
Тој заклучува дека со тоа е поврзано и „закажувањето на посткомунистичките држави кај откривањето и прогонот на комунистичките злочини“. И за крај потсетува на димензиите на тие злочини, пренесувајќи ги проценките на француските историчари Сефан Кортоис, дека комунистите ширум светот биле 85 до 100 милиони луѓе и дека тие милиони граѓани завршиле во казнените или работните логори, биле депортирани или протерани.