Почина кинескиот доктор кој го разоткри прикривањето на епидемијата на САРС

Поранешниот армиски хирург кој го откри прикривањето на епидемијата на САРС во 2003 година, Џијанг Јанјонг, почина на 91 годишна возраст. Починал во саботата во Пекинг од пневмонија, соопштија неговите семејни пријатели и медиуми во Хонг Конг.

Џијанг беше јавно пофален затоа што спаси голем број животи, откако го објави писмото на почетокот на кризата со САРС, во кое објави како официјални лица во земјата ја довеле јавноста во заблуда.

Беше осуден и сместен во домашен притвор поради неговата непоколеблива отвореност. За потсетување, во 2003 година, САРС зарази повеќе од 8.000 луѓе ширум светот. Од нив 774 починаа, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

Scroll to Top