Почна истрагата за случајот со труењето на Алексеј Навални

Руската полиција денес соопшти дека ја отворила првата прелиминарна истрага за случајот со рускиот опозиционер Алексеј Навални за кого јавноста се сомнева дека бил отруен, нешто што руските власти досега го отфрлија како можност.

„Руските истражители отворија прелиминаран истрага поврзана со хоспитализирањето на Алексеј Навални на 20 август во Омск“, соопштила сибирската полиција додавајќи дека досега се прегледани местата на кои Навални престојувал и дека се земени повеќе од 100 предмети кои би можеле да претставуваат потенцијални докази.

„Хотелската соба во која престојувал во Томск, градот во кој Навални, според соработниците, бил отруен, исто така биле прегледане и биле анализирани податоците од безбедносните видеокамери“, се додава во соопштението.

Навални беше голем критичар на Кремљ, кој обелоденил корупција во врвот на државата. Тој беше примен на 20 август на реанимација во болницата во Омск кога претходно му се слошило.

Потоа, во саботата бил префрлен во Германија, каде што лекарите заклучиле дека има траги од труење, на што Кремљ одговори дека таквите заклучоци биле донесени прерано.

 

Scroll to Top