Почна медиумска војна меѓу Русија и Германија откога руски канал беше блокиран на „Јутјуб“

Од Министерството за надворешни работи на Русија соопштија дека во Германија се прави цензура откога од „Јутјуб“ беше тргнат каналот на „Раша тудеј“.

„Проектите на рускиот медиумски холдинг ‘Раша тудеј’ на германски јазик беа цел на невидена информативна агресија од видеохостингот ‘Јутјуб’, што е направено со очигледна попустливост, ако не и на инсистирање од германска страна“, соопштија од Министерството.

Министерството за надворешни работи апелира до надлежното одделение да се преземат мерки против „Јутјуб“ и германските медиуми во Русија по блокирањето на каналот „Раша тудеј“ во Германија, пишува „Спутник“.

Земајќи ја предвид природата на она што се случи, што целосно се вклопува во логиката на информациската војна што е почната против Русија, усвојувањето симетрични контрамерки кон германските медиуми во Русија, што повеќето и докажано учествувале во мешање на внатрешните работи на нашата земја, не е само соодветно, туку и неопходно да се направи“, е наведено во соопштението.

Во соопштението се забележува дека таквите мерки ќе бидат единствениот можен начин за стимулирање на „интересот на партнерите за конструктивен и значаен дијалог за оваа неприфатлива ситуација“.

По разгледувањето на барањата на телевизијата „Раша тудеј“ за заштита во врска со дискриминацијата, одлучено е да се апелира до надлежните органи на Руската Федерација со предлог да се развие и усвои реципрочна мерка против хостингот „Јутјуб“ и германските медиуми, се вели во соопштението.

Во вторникот на видеохостингот на „Јутјуб“ трајно е отстранети каналите RT DE и DFP, без право на враќање. Главната уредничка на радиото „Спутинк“, агенцијата „Русија севодња“ и на „Раша тудеј“, Маргарита Симоњан, ова го нарече медимска војна и ги повика руските власти да го забранат емитувањето на „Дојче веле“ и други германски медиуми.

 

Scroll to Top