Во Швајцарија е покрената петиција за протерување на љубовницата на рускиот претседател Владимир Путин, Алина Кабева, од земјата. Противниците на Путин ја покренаа птеицијата тврдејќи дека таа се крие во луксузна вила во оваа земја.
Се верува дека поранешната олимписка гиманстичаркавеќе подолго време е во врска со Путин, а наводно има и деца со него кои исто така се кријат во Швајцарија.
„Зошто ги криете помагачите на режимот на Путин“ е името на петицијата упатена до Швајцарија, на која досега се имаат потпишано повеќе од 57.000 противници на рускиот претседател.
„Ние граѓаните на Русија, Белорусија и Украина кои моментално страдаат енормно, се обединуваме во обраќањето до швајцарските власти. Јавноста дозна дела Алина Кабаева побегнала од санкциите во вашата земја. Таа е љубовница на диктатор и воен злосторник кој ја нападна Украина“, е дел од петицијата.
Во неа се вели дека за првпат во модерната историја Швајцарија ја нарушила својата неутралност затоа што не се приклучила кон мерките против Путин и луѓето околу него. Тоа не го направи ниту против нацистичка Германија во 20 век.
Сакаме да ве потсетиме дека Алина не е само жена чие име е извалкано поради поврзаноста со рускиот диктатор и дека е една од иницијаторите на рускиот закон со кој им се ускратува можноста на илјадници руски сирачиња да бидат посвоени во странство. Додека во исто време нејзините деца се кријат во вашата земја, велат потписниците на петицијата.
Со петицијата, која ќе достигне до 75.000 потписи, се бара од швајцарските власти темелно да ја истражат правната основа под која живее Алина во нивната земја и да проверат колку се чисти нејзините средства кои таа ги користела за купување на нејзиниот недвижен имот таму.
„Доколку се открие дека станува збор за корупција направена од страна на некои од швајцарските функционери кои ѝ овозможиле на Алина да добие државјанство и покрај сето тоа што се случува, ќе се погрижиме сите работи да излезат на виделина“, велат потписниците, кои посочија дека правдата ќе ја бараат докрај.
„Време е Евра Браун да се врати кај својот лидер“, се вели во последната реченица напишана во петицијата. Иако засега нема докази дека Алина се крие во Швајцарија, извор близок до рускиот претседател, кој сакал да остане анонимен, рече дека тоа е вистина и дека тој ја објавил приказната уште на почетокот на месец март.
За потсетување, Алина, освен што многумина ја сметаат за љубовница на Путин, беше и дел од одборот на Националната медиумска група, телевизискиот гигант на чело со Кремљ. Засега таа се нема соочено со никакви санкции кои западните земји им ги наметнаа на некои од руските политичари и јавни личности.