Четири од 10 возрасни Американци веруваат дека човештвото во моментов ги живее последните денови и дека крајот на светот е сè поблиску.
Според новото истражување на американскиот истражувачки центар „Пев“, многумина им придаваат религиозно значење на пандемијата со коронавирус и другите катастрофи и проблеми пренесе Juerusalem post. Студијата се фокусираше главно на христијаните во САД, со многу јасна поделба бидејќи речиси половина (47%) веруваат дека крајот се ближи.
Но, генерално постојат неколку клучни карактеристики кои универзално се прифатени. Второто доаѓање на Исус Христос, Занесот и Последниот суд. Постои дебата за тоа дали се ближи крајот и дали Исус Христос ќе се врати за време на најниската точка на човештвото, додека глобалните кризи се зголемуваат (премиленијализам) или на високата точка кога светот се подобрува (постмиленијализам).
Сè на сè, премиленијализмот е далеку почест во САД, отколку постмиленијлизмот, иако поголемиот дел од Американците не се сигурно за околностите кои би довеле до враќањето на Исус.
Христијаните се поделени околу прашањето дали ги живееме последните денови. Во моментов повеќе христијански заедници веруваат дека човештвото во моментов ги доживува последните времиња, покажало истражувањето на „Пев“. Конкретно историски евангелисти (63%) и црни протестанти (76%), се склони да мислат дека ги живеат последните денови.
Наспроти тоа, повеќето католици (70%) и мејнстрим протестантите (65%) мислат дека ова не е крај на светот каков што го познаваме. Повеќето протестанти од католици мислат дека сите ги живееме последните денови (55% во спроедба со 27%).
Сè на сè, црните Американци (68%) исто така, повеќето од нив веруваат дека ги живееме последните денови, а овие ставови се почести меѓу луѓето кои живеат на југот во САД (48%), во споредба со средниот запад (27%) и североистокот (34%).