Поради недостиг на храна во Северна Кореја, Ким нареди сите да ги предадат своите кучиња

Поради недостиг на храна во Северна Кореја, Ким нареди сите да ги предадат своите кучиња, пишуваат светските медиуми. Како што пренесуваат тие, тамошниот народ е исплашен дека нивните миленици би можеле да завршат како храна.

Ким објаснил дека кучињата  домашни миленици се симбол на капиталистичката декаденција, па наредил сите да ги предадат на властите. Многумина се исплашени што би можело да биде нивната судбина, поради проблемот со недостиг на храна во оваа земја.

Ким објавил дека сега е противзаконско да се има домашен миленик, истакнувајќи дека кучето по дома е валкан тренд на буржоаската идеологија.

„Идентификувани се сите домаќинства кои имаат кучиња и сега мораат да им ги предадат на властите“, изјавил извор за јужнокорејскиот Chosun Ilbo. Некои од животните се дадени на зоолошките градини, а другите ќе бидат продадени на рестораните, за да се искористат за храна.

Печеното месо се смета за деликатес на Корејскиот Полуостров. Во Јужна Кореја оваа традиција е сè поретка, но и во оваа земја, како што се проценува, годишно се јадат околу милион кучиња.

Сепак на северот месото од  куче е сè почесто на менито во сите ресторани, а најмногу се јаде за време на летните месеци, затоа што луѓето веруваат дека станува збор за обновливи залихи на енергија во телото.

Забраната за чување домашни миленици го шокираше сите  жители во Пјонгјанг, кои од крајот на осумдесетите години сè повеќе во нивните домови имале кучиња.

Тоа било симбол на економски развој, а богатите жители кои ги шетале своите кучиња биле честа слика на тамошните телевизии.

Но, неодамнешниот извештај на Обединетите нации навел дека 60% од населението во оваа земја (популација со 25,5 милиони жители), се соочуваат со недостиг на храна, што поради санкциите, што поради одлуката да се затвори границата со Кина поради пандемијата.

Дополнително уште во минатите години земјата беше погодена од тешки природни несреќи кои ги уништија посевите. Јужнокорејските медиуми пишуваат дека свинското и говедското месо се луксуз во оваа земја и повеќето жители не можат да си го дозволат.

Кучињата Пјонгјанг најверојатно ќе ги искористи за да го намали гладот во наредните неколку месеци.

 

Scroll to Top