Поранешни Формула 1-возачи и менаџери ја нападнаа сопругата на Шумахер дека не им дозволува да го видат

Поранешни возачи во Формула 1 и менаџери ја обвинија сопругата на легендарниот Михаел Шумахер, дека го крие од нив и дека не им дозволува да го посетат. Шумахер пред девет години доживеа тешка несреќа за време на скијање и оттогаш многу малку информации се знаат за него.

Неговата сопруга Корина не дозволува посети и можат да го видат само мал број на луѓе и семејството. Повремено се слушаат обвинувања, а поретко и пофалби за неа. Се шпекулира и дека нивното богатство со секој поминат ден се повеќе се намалува, заради високите трошоци за лекување.

По несреќата Шумахер одма беше префрлен во болница во Лозано во Швајцарија. Таму полицијата мораше да го чува од фановите, новинарите и папараците. Беше во критична состојба.

„Не сакаме луѓето да му го нарушат мирот. Затоа и полицијата е тука“, рече тогаш портпаролот на полицијата Пјер Оливие Годар за германски „Билд“.

Потоа почнаа да излегуваат лоши вести. Прво се шпекулираше дека е парализиран и дека претрпел оштетување на мозокот. Потоа се шпекулираше за неговата состојба и дека биле потребни специјални операции кои можеле да се изведат само во Лозано, Далас или во Мајорка.

Познатиот неврохирург Колин Шиф беше првиот кој јавно рече дека Шумахер никогаш повеќе нема да биде оној стариот како што го познаваме.

„Природата на неговата повреда и информации кои ги имаме сугерираат на тоа дека неговиот мозок претрпе огромна штета. Како последица на тоа, тој не функционира како мозокот на другите. Колку подолго време е во таква состојба, толку е потешко да се очекува подобрување“, рече Шиф.

Легендарниот седумкратен шампион во Форума 1, на семејството им остави богатство од милиони евра, но сега многумина се прашуваат дали ќе бидат доволни за да се покријат лекарските трошоци. Наводно неговото лекување чини 140.000 евра неделно. Семејството беше принудено да го продава имотот и некои од неговите вредни работи за да ги подмири трошоците.

Во 2020 година за негово лекување потрошиле 40.000.000 долари, а сумата расте секојдневно. Корина била принудена да го продаде и нивниот ранч вреден 6.000.000 долари. Тогаш почнаа да се излегуваат разни информации за некакви конфликти преку медиумите.

Прв кој се јави беше Вили Вебер, неговиот поранешен менаџер и близок соработник кој ја нападна Корина. Рече дека не му дозволила да го посети неговиот пријател и да види во каква состојба е. Ја обвини дека таа крие нешто од него и јавноста.

„Знам дека Михаел е тешко повреден во несреќата, но исто така знам дека има напредок во неговото опоравување, нешто на кое сите се надевавме. Би сакал да се ракувам со него, да видам како е, но за жал Корина не ми дозволува. Таа ја крие неговата состојба и веројатно се плаши да ја каже вистината во јавност. Цврсто верувам во напредокот на Михаел затоа што знам дека е вистински борец. Ако постои можност, тој сигурно ќе ја искористи. Ова не може да биде крајот за него. Се молам и убеден сум дека повторно ќе го видам“, рече Вебер.

Шумахер не може да го види ни човекот кој неколку години му беше шеф во Формула 1, легендарниот Еди Џордан. Иако тој ја запозна со Шумахер, Корина не му дозволува било каква посета.

„Корина во еден момент беше во врска со мојот возач Хајнц Харалд Френце. Подоцна го остави за да се омажи за Михаел. Затоа што ја знам, ја контактирав и ја прашав дали може да го посетам Шумахер. Не ми дозволи. Ми рече дека никој не може да го види освен најблиските“, рече Џордан.

Шумахер не може да го посети ни Пјеро Ферари, синот на познатио Енцо Феради.

„Сакам да се сеќавам на деновите кога Шумахер возеше на патеките. Беше едноставен, јасен, искрен и чесен човек. Сакавме некогаш да седиме дома и да зборуваме за разни работи со вино. Михаел не е мртов, тука е со нас, но не може да комуницира“, рече Ферари.

Само еден од малкумината кои можеа да го посетат и да комуницираат со него, беше неговиот поранешен шеф во „Ферари“, Жан Тод. Корина му дозволувала дури и заедно да гледаат некои од трките во Формула 1.

„Не ми недостига затоа што можам да го видам, но ми фали она што го правевме порано заедно. Точно е дека заедно ги гледаме трките“, рчее Тод и додаде дека и покрај тешката несреќа Шумахер продолжил да се бори и дека има неверојатна сопруга која се грижи за него.

„Ги има децата, медицински сестри и сега само ни останува да му посакаме сè најдобро. Сè што можеме да направиме е да бидеме со нив“, рече Тод и додаде дека Корина е сјајна жена и одлично се грижи за семејството.

„Сè се случи изненадно. Таа не сакаше да се најде во ваква ситуација. Немаше избор, но досега сè што направи, направи добро. И верувам, а и таа ми верува мене. Благодарение на лекарите и Корина која соработуваше со нив, Шумахер преживеа. Сега се бори со последиците кои му останаа по повредата, но се надеваме дека работите полека, но сигурно ќе се подобрат“, рече поранешниот шеф на „Ферари“.

 

Scroll to Top