Во Католичката црква во Франција биле откриени илјадници педофили, кои сексуално визнемурувале повеќе од 6.500 жртви, пренесе „Ројтерс“. Тие биле откриени во рамките на истрагата што се водела од 2018 година за некои од членовите на црквата.
„Имаме најдено докази за речиси 3.200 малтретирачи од вкупно 115.000 свештеници и други црковни лица“, рече шефот на истражувачкиот панел, Жан-Марк Сове, кој дополни дека ова била само минимална процена и дека целиот извештај од 2.500 страници ќе го објавеле утре.
Доказите ги зеле од црковните, судските и од полициските архиви и од изјавите на некои од жртвите.
„На обвинителите ќе им предадеме докази за 22 случаја за кои сè уште може да се отвори криминална истрага. Бискупите и други високи црковни лица се известени за други обвинувања против лица што сè уште се живи“, рече Сове.
Комисијата стапила во контакт со повеќе од 6.500 жртви и сведоци во изминатите две и пол години.