Светската метеоролошка организација направи листа на екстремни временски прилики на кои се наоѓаат места каде се забележани најниски и највисоки температури. Места каде најмалку врнело, како и каде е забележан најсилен град.
Најниска температура
Најголемиот минус е забележан во Восток, на Антарктикот, каде се измерени дури 89,2 степени Целзиусови на 21 јули 1983 година.
Највисока температура
„Долината на смртта“ во Калифорнија влезе во историјата кога во летото 1913 година се измерени 56,7 степени Целзиусови.
Најголеми врнежи во минута
Во американската држава Мериленд, во градот Јунионивил, забележан е рекорд на 4 јули 1956 година, кога за една минута наврнале 31,2 милиметри дожд.
Најсилниот град
Најсилниот град наврнал во Гопалгању, Бангладеш, на 14 април 1986 година, кога загинале 92 лица. Пријавени биле парчиња лед тешки и до еден килограм.
Најдолгиот сушен период
Најдолгиот период без врнежи е измерен во Чиле, во градот Арика, каде една капка дожд не паднала цели 14 години. Од октомври 1903 година до јануари 1918 година.
Највисокиот леден гејзер
Во Андернах, Германија, забележан е највисокиот леден гејзер на 16 септември 2002 година. Бил забележан млаз вода, висок 61,5 метри.
Најстудениот автопат
Руска „Кола“ е најстудениот автопат на светот. На ова место температурите понекогаш се спуштаат и до 67,7 степени под нулата. За работите да бидат уште полоши, еден дел од овој пат се нарекува „Пат на коските“ во знак на сеќавање на затворениците кои починале додека го граделе.
Најголемата ледена пустина
Најголемата ледена пустина која се наоѓа во поларниот дел е на територијата на Канада. Се наоѓа во националниот парк Клуана и се простира на површина од 21,980 квадратни километри.
Населено место со најниска температура
Сибирското место Ојмјак е најстуденото место каде живеат луѓето надвор од Антарктикот. Таму температурите се спуштаат и до 68. степени под нулата.