Поранешната принцеза на Катар, Касија Галанио, која беше најдена мртва минатата недела, во нејзиниот пентхаус во Шпанија, пред да умре сакала да ѝ ја подари својата скапа дизајнерска облека на собарката која се грижела за местото, Теодора Поми.
Галанио, која е поранешна сопруга на милијардерот и сегашен емир на Катар, беше најдена мртва во својот кревет минатата недела, во луксузен пентхаус од 2 милиони фунти во Шпанија. Според некои од тамошните медиуми, таа наводно починала од предозирање.
„Мејл онлајн“ откри дека непосредно пред да почине, Галанио ѝ испратила видео на Поми од ќесата со облека која сакала да ѝ ја подари. Пома, која е родена во Боливија, верува дека Касија на тој начин и со тој гест можеби сакала да се прости од неа и знаела дека ќе си го одземе животот.
Галанио исто така ја замолила неа и нејзините колеги да дојдат и да ѝ го исчистат пентхаусот кој се наоѓал на седмиот кат во луксузното летувалиште Пуерто Банус во близина на Марбеља.
Но, кога Пома се обидела да ѝ одговори и да потврди дека ќе дојде во понеделникот неделава, не добила повратен одговор. Пома верува дека тоа е затоа што Галанио веќе била мртва.
За потсетување, Галанио се дружеше со голем број холивудски ѕвезди, а имаше и повеќе од 500.000 обожаватели на „Инстаграм“. Според пишувањата на „Мејл онлајн“, таа имала и куче по име Хонеи, кое било најдено со неа кога умрела. Тоа е сега вратено на нејзините ќерки.
Пома рече дека во април годинава Галанио заминала во Париз да се бори за старателството над нејзините три ќерки, две близначки од 17 години и уште едно 15-годишно девојче.
Францускиот суд пресудил дека девојките треба да останат во Франција каде што живее нивниот татко, милијардерот и сегашен емир на Катар, откако наводно дознале дека таа е склона на нервни сломови и дека посетувала клиника за детоксикација за борба против алкохолот.