Принцот Чарлс му забрани на својот помлад брат Ендру, да се држи подалеку од кралското семејтво, но и од дворецот Винѕор, се додека трае судењето на американскиот сојузен суд за сексуално злоставување.
„Предупреден е да се смири. Чарлс не сака Ендру да биде виден и сликан како се смее додека е вози кон дворецот“, рече извор близок до кралското семејство за „Сан“.
„Со време, Ендру ќе биде присилен да го напушти Виндѕор и за тоа да добие надокнада од кралскот семејство од неколку милиони фунти, иако тој самиот јасно даде до знаење дека никој нема д аго избрка“, додаде изворот.
Тој додаде и дека во моментите кога Чарлс ќе стане крал, Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон, најверојатно ќе мораат да го напуштат и сопствениот дом во Ројал Лoџ.
За потсетување кралицата Елизабета му ги одзема на Ендру сите воени титули и кралското покровителство, а во продолжение на судењето во Њујорк, ќе се брани како приватен граѓанин.
За потсетување, Ендру е обвинет дека сексуално ја злоставувал Вирџинија Џуфре, кога таа имала 17 години и додека била во ропство на осудениот милијардер и педофил Џефри Епстајн, кој се самоуби во неговата ќелија во Њујорк додека го чекаше судењето.