Принцот Ендру имал над 1000 љубовници

Британскиот принц Ендру сега се соочува со тврдењата дека имал преку 1000 љубовници, пренесува „Дејли Мејл“. Овие наводи се изнесени во јавноста веднаш по самоубиството на милијардерот педофил Џефри Епстајн.

Според пишувањата на британскиот весник „Сан“, неговите блиски пријатели велат дека сексот бил голема работа во неговиот живот, но инсистират на тоа дека никогаш не го интересирале младите девојки.

Војводата од Јорк последните неколку недели се соочува со бројни обвинувања дека имал блиски врски со Епстајн, а се појавиле и голем број фотографии кои не му одат од рака.

На една се наоѓа принцот во друштво на Вирџинија Робертс, која истакнала дека била принудена да има секс со принцот. Бакингемската палата и самиот принц ги негирале ваквите обвинувања.

Но, неговите пријатели го бранат и инсистираат на тоа дека тој никогаш немал секс со тинејџерки. Изворите истакнуваат дека принцот отсекогаш бил плејбој и дека таквиот начин на живот бил усогласен со кралските должности и обврски кон семејството.

Неговата желба за нови врски била главната причина што повторно не се ожени со својата поранешна сопруга, иако и понатаму останале блиски.

„Принцот не пие, не пуши, не користи дрога, но сексот е многу важна работа во неговиот живот“, изјавил еден негов пријател за „Дејли Мејл“.

„Патувал секаде низ светот како амбасадор за трговија и извршување на кралските должности. Секогаш имал пристап до убавите жени и тоа целосно го користел“, вели изворот.

Според пишувањата на британските медиуми, принцот Ендру го запознал Епстајн во 1990 година, а останал пријател со него дури и кога одлежал казна од 13 месеци за секс со малолетна девојка.

Близок пријател на британскиот принц истакнува дека Ендру имал врски со повеќе од 1000 жени и дека него не го интересирале тинејџерки. Истакнува дека многу убави жени го сметале Ендру за привлечен.

Scroll to Top