Принцот Хари e признат како „жива легенда на авијацијата“ за услугите на британската армија

На церемонијата во Лос Анџелес, на британскиот принц Хари му беше врачена наградата „жива легенда на авијацијата“ за услуги на британската армија, за неговите напори како ветеран и пилот.

Принцот Хари, војводата од Сасекс, кој служел во армијата 10 години и се искачил до ранг на капетан, ги основал игрите Invictus, спортски настан за ранети војници и ветерани, на официјалната веб-страница на наградата е опишан како „хуманитарен, воен ветеран, поборник за ментално здравје и заштита на животната средина“, пренесува „Скај њуз“.

„Тој го посвети својот живот на унапредување на каузите за кои е страствен и кои носат трајни промени за луѓето и местата“, според веб-страницата.

Scroll to Top