Путин го исплати ненамирениот долг кон централните банки

Рускиот претседател Владимир Путин конечно ги подмири долговите кон сите поранешни советски републики и нивните централни банки, нешто што ја направи Русија единствена земја која ќе се ослободи од тиранијата на банкарскиот систем.

„Долгот кон Босна и Херцеговина во износ од 125.200.000 долари е решен во склоп на договорот меѓу Владата на Руската Федерација и Советот на министри од Босна и Херцеговина“, потврди рускиот министер за финансии, Алексеј Кудрин, во вторникот.

Како што извести тој за „Раша тудеј“ преостанатиот долг биле пари кои Советскиот сојуз ги должел на Југославија. Надворешниот долг на СССР се насобрал на различни начини. Обврските кон западните земји се претвориле во долг по 1983 година. Долгот кој Русија го имала кон поранешната Југославија настанал како резултат на трговијата меѓу двете земји.

Зошто Русија го исплати советскиот долг сама?

На почетокот се претпоставувало дека надворешниот долг на СССР бил платен од страна на сите нејзини поранешни републики. Документот за тоа требало да биде потпишан во декември 1991 година. Најголемиот дел бил од Русија (61,34 проценти). Украина должела (16.37 проценти), а Белорусија (4.13 проценти).

Но, Естонија, Латвија, Литванија, Азербејџан, Молдавија, Туркменистан и Узбекистан не потпишале договор. Како резултат на тоа, во 1994 година Русија на сите им го простила долгот во замена за имот кој станал дел од Советскиот Сојуз.

Кога односите со Русија се влошиле во 2014 година Киев се заканил дека ќе го национализира рускиот имот во Ураина. Во тоа време Министерство за надворешни работи на Русија ја потсетило Украина дека должи 20 милијарди долари уште од времето на Советскиот Сојуз, а ако Киев го повлече прашањето за имот, Москва ќе може да побара да го исплати долгот.

Од 1994 година долгот кон стариот СССР бил речиси 105 милијарди долари. Најголемиот дел од овој износ (преку 47 милијарди долари) бил од страна на доверителите од Парискиот клуб. Тоа била група од 19 доверители, главно од Западот, вклучувајќи ги САД и Велика Британија.

Русија активно почнала да ги враќа долговите под претседателството на Владимир Путин, кој паралелно со порастот на цената на нафтата, давајќи ја земјата, дополнително заработувал на девизите.

Еден од последните големи долгови на советската ера е отплатен минатата година во Кувајт. Русија платила 1,1 милијарда долари и испорачала 620 милиони долари вредни производи од висока технологија на таа земја.

Русија се прости со долгот кон СССР

Во 2014 година Русија ѝ прости повеќе од 30 милијарди долари долг на Куба, што изнесуваше 90% од вкупните обврски. Преостанатиот долг во износ од 3,5 милијарди долари ќе биде исплатен во рок од десет години, во 20 еднакви оброци.

Русија исто така го отпиша долгот на Ирак од 21,5 милијарди долари, Монголија (11,1 милијарди долари), Авганистан (11 милијарди долари) и Северна Кореја (10 милијарди долари), како и 20 милијарди долари долг на неколку африкански земји.

Вкупно, Русија прости повеќе од 100 милијарди долари долг на земјите во развој во изминатата деценија.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top