Путин и Русија почнаа да купуваат злато

Централната банка на Русија деновиве со невидена брзина купува златни плочки.

Според зборовите на аргентинскиот финансиски експерт Габриел Рубенштајн, таа политика има цел да ја заштити руската економија во случај на кризна ситуација вклучувајќи ја и борбата против американската манипулација во врска со доларот.

„Земјата собира злато од стратешки и одбранбени причини. На пример, во случај да бидат загрозени односите меѓу народот и валутата да ја изгуби својата вредност“, изјави финансискиот консултант и поранешен претставник на Централната банка на Аргентина, Габриел Рубенштајн.

Во тој случај златните резерви би биле основа за нова валута или други вредносни средства што треба да се направат во иднина.

„Златото е поголем извор на приход и има реална вредност во однос на другите финансиски ресурси. Руските власти веруваат дека е подобро да имате повеќе златни ресурси од доларот. Хипотетички говорејќи, ако Русија држи тони американски долари, а САД сакаат да ја намалат штетата на нејзината економија, тоа ќе биде можно со манипулација на валутите“, изјави Габриел додавајќи дека златото е гаранција против таквото сценарио.

Централната банка на Русија значително го зголеми темпото за откуп на злато. Во периодот од јануари до септември 2017 година Централната банка купила 4,3 милиони унци (околу 130 тони) од тој драгоцен метал во вредност од повеќе од пет милијарди долари, што е 15 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Централната банка, според состојбата од 1 октомври, има 73,6 милијарди долари во резервите во споредба со 65,5 милијарди долари пред една година.

Русија ја зголеми набавката на благородниот метал кога во САД и во Европската Унија воведе санкции по референдумот на Крим и почетокот на вооружениот конфликт на истокот на Украина во 2014 година. Од тогаш, според податоците на Светскиот совет за злато, Централната банка на Русија на своите златни резерви додаде околу 100 тони на секои шест месеци, што е повеќе од која било друга централна банка на светот.

Во моментов Русија е седма земја на светот по количина на злато, а ако продолжи со моменталното темпо за собирање  злато, веројатно ќе скокне на 6. место, со што ќе ја надмине Кина со моменталните резерви од 1842 тони.

Во текот на изминатата деценија Централната банка на Русија ја промени својата политика на управување со злато и девизни резерви, што вклучува намалување на уделот на евра од 40 до 26 проценти и зголемување на своите златни резерви од осум милијарди долари на 73,6 милијарди долари според состојбата од 1 октомври оваа година.

 

 

 

Scroll to Top