Претседателот на Русија Владимир Путин вели дека не сака да користи мобилни телефони од страв дека може да биде следен и прислушуван, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Путин смета дека со користењето на модерната мобилна технологија се става во ризик да ги открие сите информации од приватен карактер, но ѝ информации кои се од државен интерес ѝ се сметаат за државна тајна.
Песков вели дека неговиот шеф го користи стариот добар телефон со кабел. Претставникот на Кремљ вели дека Путин користењето на смартфонот го смета за доброволен егзибиционизам и целосна отвореност.
„Оној момент кога корисникот ќе земе смартфон во раце, тој прифаќа неговиот живот да биде ставен во рацете на службите“, вели Песков.
„Се разбира претседателот не смее да си дозволи таков луксуз. Тој не сака да користи мобилен, затоа што не смее да си дозволи да биде прислушуван. Особено не Владимир Путин, кој е претседател на Русија“, вели Песков.
Претставникот на Кремљ вели дека стариот добар телефон со кабел и затворена врска, ќе ги надживее сите смартфони. Песков објаснил дека Путин покрај традиционалните телефони користи ѝ стар печатач за хартија.
„Путин од модерната технологија понекогаш користи интернет ѝ гледа телевизија“, вели Песков.