Путин, ЦИА, вонземјани или Месечината се одговорни за исчезнувањето на малезискиот авион

Малезија истрајува во напорите да го пронајде исчезнатиот авион МH370, изјави премиерот Наџиб Разак во четвртокот, на четиригодишнината од исчезнувањето на патничкиот авион што пренесувал 239 лица. Исчезнувањето се смета за една од најголемите загатки во цивилното воздухопловство.

„Посветено работиме да го пронајдеме МH 370 и да ја разоткриеме судбината на сите кои биле во тој авион“, напиша Наџиб на „Твитер“.

Додал дека исчезнатите лица секогаш се во неговите молитви.

Авионот од компанијата „Малезија ерлајнс“ со 227 патници и 12 членови на екипажот исчезнал на 8 март 2014 година на летот од Каула Лампур до Пекгин, што претставува една од најголемите загатки во светскиот воздухопловен сообраќај.

Меѓународните екипи безуспешно го пребарувале океанот сè до одлуката за прекин на потрагата донесена во јануари 2017 година.

Но, на почетокот на 2018 година малезиската влада ѝ одобрила на приватна компанија „Оушн инфинити“, со седиште во САД, повторно да тргне во потрага, при што ѝ ветила дека ќе биде наградена ако го пронајде авионот.

Фактот дека авионот исчезнал пред четири години роди неколку теории на заговор. Ова се некои од нив:

Сајбер-киднапери

Во својата книга „Под другото небо: Глобалното патување низ историјата“ писателот и историчар Норман Дејвис вели дека технологијата е дизајнирана да спречи уште еден 9 септември и терористички напади, така што им дозволува на авионите да бидат контролирани и од страна на лицата кои не се наоѓаат во авионот, нешто што може да се злоупотреби. Тој сугерира дека автопилотот на МH370 бил хакиран и дека бил однесен на тајна локација.

Многу е можно да го киднапирале Американците и да сакале да го приземјат на островот во Диего Гарсија, а некој од нив го хакирал испречил авионот да стигне до посакуваната дестинација. Хакерите можеле дури и преку мобилен телефон да ги контролираат брзината, висината и правецот, како и извештајот за тоа што се наоѓа во багажот на авионот, кој бил многу сомнителен.

Путин знае

Vladimir Putin

Андре Милајн, истражувач и волонтер, верува дека Владимир Путин е човекот кој цело време знаел каде се наоѓа MH37“. Тој смета дека авионот паднал во Бенгалскиот Залив во Индискиот Океан, дел кој го надгледуваат руските сателити. Путин наводно морал да молчи затоа што за судбината на авионот дознал преку шпионскиот руски сателит.

Мистериозен патник

Дали навистина постоел еден патник повеќе во авионот кој ја преземал контролата над „боингот 777“ и го соборил во море? Тоа е теорија на владата уште од првиот ден на исчезнувањето на авионот, а која ја застапуваат и семејствата на исчезнатите во својата тужба. Во официјалниот манифест 239 луѓе се водат како исчезнати. Милајн вели дека официјално имало 226 патници на летот (четворица не се качиле) и уште 12 членови на екипажот. Тоа би значело дека на летот имало една личност повеќе.

Портпаролот за истрагата одамна истакна дека сè е во ред со бројот на патниците и дека таблата со бројот од 226 патници е испратена два часа пред летот, а дека официјалната бројка на патници била 227.

Пилотот сакал да создаде најголема мистерија

Поранешниот австралиски премиер Тони Абот тврди дека пилотот намерно го соборил MH370 сакајќи да ја креира најголемата мистерија на светот.

„Најверојатното сценарио е дека пилотот самоубиец сакал да го однесе авионот максимално во спротивен правец, кон југ, и го слетал на место каде што никој не би можел да го најде. За жал, немаме докази за тоа“, изјави тогаш.

Малиот број  докази најмногу укажуваат на ваквото сценарио и намерите на пилотот авионот да се изгуби. Како што вели, дел од крилото е пронајден на островот Реунион, 3000 милји од областа што се пребарува, и укажува на извонредна позиција која само пилотот можел да ја избере за пад во таа полна брзина.

Северна Кореја го преземала MH370

Severna Koreja

На јавноста не ѝ било потребно долго време за во целата приказна да ја вмеша и најзатворената нација на светот, Северна Кореја. Три дена пред исчезнувањето на авионот Ким Џонг-ун за малку ќе соборел кинески авион што пренесувал 22 патници и минувал низ нејзиниот воздушен простор, и тоа само седум минути откако ја испалиле ракетата. Додека некои сметаат дека го собориле авионот при  тестирање на ракетата, други сметаат дека  Севернокорејците го киднапирале затоа што им бил потребен голем авион.

На Месечината е

Три недели по исчезнувањето на авионот, „Саднеј спорт“ јавил дека леталото е пронајдено на Месечината. Тие тврделе дека во прашање е светска ексклузива, а како најголем доказ ја навеле необјаснивиот прав на радарот забележан во близина на боингот неколку минути пред да исчезне.

Mesec

Наједноставното објаснување е дека вонземско летало  го проголтало „боингот 777“ и го пренело до Месечината.

404: Авионот не е пронајден

Недолго откако авионот исчезнал некој забележал дека „боингот 777“ е 404.  по ред на производството. Сите знаеме што  означува 404 на интернет: грешка при вчитување на страницата. Дали тоа би можело да биде скриена порака што ја крие судбината на авионот?

Авионот го соборила американската војска

Поранешниот директор на Француската авијација, Марк Дуган, го истражувал исчезнувањето на авионот и тврдел дека го собориле американските ловци мислејќи дека е киднапиран и дека тргнал да ја нападне американската воена база во Индискиот Океан, Диего Гарсија. Британските известувачки служби го предупредиле да не се меша премногу во случајот со MH370. Дуган дури и патувал на Малдивите каде што ги интервјуирал очевидците кои само наводно изјавиле дека виделе огромен авион како лета на многу ниска висина.

Пронајдениот дел од крилото е лажен

Семејствата и пријателите на патниците ја осудиле изјавата на малезискиот премиер Наџиб Разак кога објави дека е пронајден дел од крилото на авионот на еден остров.

„Ќе го убијам! Лаже! Тоа е таква глупост!“, изјавила 62-годишната Жанг Милинг, чии ќерка и зет биле во исчезнатиот авион, а сличен став делеле и другите семејства.

Случајот со убиениот дипломат

Последната во низа теории се однесува на убиениот малезиски дипломат кој поминал една година истражувајќи каде се наоѓа леталото. Захид Раза во септември минатата година е убиен во главниот град Мадагаскар. Американскиот истражител Блејн Гибсон, кој работел за Разом на утврдената локација на исчезнатиот авион, изјавил дека некој го таргетирал и дека често примал смртни закани. Наводно, Разу го делеле само неколку дена од извештајот што требало да го испрати до малезиското Министерство на сообраќај со новите факти за исчезнатиот авион.

Измама со животното осигурување

Во март 2014 година малезиската полиција ја исклучила можноста  целиот инцидент да има каква било врска со животното осигурување на некој од патниците.

Украина

Една од теориите популарни во 2014 година е и таа дека  станува за еден ист авион, односно дека авионот кој е соборен во Украина и исчезнатиот авион се всушност еден ист авион. Теоријата вели дека МH370 е киднапиран и дека успешно слетал на тајната локација, па потоа намерно е искористен и соборен во Доњецк за да се дискредитира и обвини Русија за соборувањето.

Вонземски киднапери

Дури пет проценти од американските испитаници во анкетите веруваат дека авионот го киднапирале вонземјани, а Александра Брус од телевизијата што се занимава со теории на заговор поставила на „Јутјуб“ доказ за присуство на нешто што може да се нарече НЛО на небото над Малезија.

ЦИА стои зад сето ова

Поранешниот премиер на Малезија, Махатхир Мухамед, напишал дека верува дека ЦИА сигурно ја знае судбината на исчезнатиот авион.

CIA

„Авионот не може тукутака да исчезне. Особено не денес кога имаме силни комуникациски системи, радио и сателити кои непрекинато ја снимаат секоја педа на земјата. Од некоја причина, медиумите не смеат да објават ништо што има врска со боингот и ЦИА“, изјавил тој.

Кина и Едвард Сноуден
Во авионот се наоѓале 20 вработени од компанијата „reescale Semiconductor, која работела со НСА, за развој на технолигијата за надгледување, судејќи според документите на Едвард Сноуден.„Имаме директор на малезискиот IBM, човек кој работи за компанија која, како што се наведува во документите на Сноуден, треба да обезбеди услуги и помош на Националната безбедносна агенција со цел да ги надгледува Кинезите. А потоа и група  Американци кои работеле на чипови за глобалниот лидер и сите заедно биле во истиот авион Случајност?“, тврди еден корисник на „Редит“. Тој додава дека Кинезите всушност го приземјиле авионот за да ја фатат групата која помогнала НСА да ги шпионира.

Scroll to Top