Распнувањето какво што Исус го искусил е медицинска катастрофа

Распнувањето на Синот Божји бил бавен метод со фатално и болно погубување. Во кој било случај жртвата е врзана или закована на голема дрвена греда и оставена да виси неколку дена, се до неговата смрт која настанувала од исцрпеност или гушење. Ваквата казна се смета дека била замисла на Персијанците 300 години пред појавата на Христос. Истата била усовршена од страна на стотина Римјани, 100 години по раѓањето на Христос.

Милиони христијани како и претходните така и овој Велигден размислуваат за болката на Исус Христос додека умирал на крстот. Следните детали за распнувањето ги собрал доктор Ц. Труман Давис, а истите претходно се објавени во „New Wine Magazine“.

  1. Распнувањето се смета за најболната смрт која човекот некогаш може да ја смисли и оттука поимот „exruciating“, што значи „екстремно болно“.
  2. Ваквата казна првично била замислена да се практикува за најопасните машки криминалци. Исус одбил анестечо вино кое му било понудено од страна на римските војници. Матеја 26.29 – „Ви велам вам дека не сакам да пијам сега од овој род (грозје). Ќе пиеме оној ден кога повторно ќе се сретнеме во кралството на мојот Татко.
  3. На Исус му ја скинале облеката и ја поделиле на римските стражари.
  4. Исусовото распнување секако била застрашувачка, бавна и болна смрт. Откако е закован на крстот, Исус сега имал невозможна анатомска положба. Положба која телото не може да ја издржи.
  5. Колената му биле подвиткани по агол од околу 45 степени. Целата негова тежина се наслонила врз мускулите на бедрата. Телото во ваква анатомска положба е невозможно да се задржи подолго од неколку минути, без тешки грчеви на мускулите на бедрата и потколениците.
  6. Исус својата тежина ја носел на нозете, со клинците заковани низ него.
  7. Во период од неколку минути тој бил ставен на крст, а неговите рамења биле изместени. Неколку минути подоцна неговите лактови и зглобови исто така биле изместени.
  8. Резултатот од изместените горни екстремитети придонел да истите му бидат 9 инчи подолги од претходната состојба, како што е прикажано на сликата подоле.
  9. Со тоа се исполнило пророштвото во Псалма 22:14 – „Како вода се разлеаа сите мои коски. Срцето мое се стопи како восок.
  10. Откако рачните зглобови на Исус, колената и рамењата му биле дислоцирани од првичната положба, тежината на неговите горни делови предизвикала притисок врз главниот мускули на градниот кош.
  11. Таа реакција предизвикала неговиот граден кош се подигне погоре ѝ да биде во неприродна состојба. Неговиот граден кош постојано бил во позиција на максимална дишна инхалација. За да издише, Исус физиолошоли требал да го присилува своето тело.
  12. За да издише, Исус морал да се подигне на клинците кои му биле заковани во нозете, со цел да овозможи поместување на својот граден кош. Истиот требало да се помести надоле и навнатре ѝ на тој начин да го издиши воздухот во белите дробови.
  13. Белите дробови му биле во положба на мирување на константна максимална инхалација. Нешто што само покажува и докажува дека распнувањето на крст е нешто што претставува медицинска катастрофа.
  14. Проблемот бил во тоа што Исус не можел лесно да ги оттргне клинците од неговите нозе, затоа што мускулите на нозете, му биле свиткани под агол од 45 степени. Тие му биле значително ослабени ѝ целиот  бил во постојан тежок грч и анатомски отежната положба.
  15. За разлика од сите холивудски филмови каде се покажува распнувањето, во кое актерот може да се забележи како мирува додека виси, во реалноста жртвата би била исклучитлено активна. Распнувањето предизвикува да жртвата физиолошки биде присилена да се поместува нагоре, надоле на крстот, во растојание од околу 12 инчи, за да може да дише.
  16. Постапката на дишење предизвикувала интензивна болка помешана со апсолутно стравично гушење.
  17. Како што минувал шестиот час, Исус се помалку и помалку бил во состојба да ја поднесува својата тежина на нозете, затоа што бедрата и мускулите му биле целосно ослабени. Имало се повеќе исчашувања на колената рамењата, и издигнување на неговиот граден кош, при што Исус се потешко и потешко можел да дише.
  18. Неговите движења нагоре надоле на крстот му предизвикале интензивна болка на нозете и неговите дислоцирани лактови и рамења.
  19. Како времето минувало, поради исцрпеноста на Исус, движењата му биле се поретки, но стравот од тоа дека ќе се загужи го присилувало да продолжи со своите напори и движења.
  20. Неговите долни мускули на екстремитетите минувле низ болни грчеви од напорното отурнување на нозете, се со цел да го подигне своето тело и да може да издише, во таква анатомска неприродна положба.
  21. Болката од неговите два отсечени средишни нерви во рачните зглобови, била неподнослива со секое негово движење.
  22. Исус бил целиот во крв и пот.
  23. Крвта била последица од камшикувањето кое речиси го усмртило, а потта на неговото тело била резултат на неговото ненамерно насилно настојнување да го испушти воздухот од градите. Бил целосно гол, додека голем дел од насобраните луѓе околу крстот и распнатите разбојници од сите страни му се потсмевале, го пцуеле и го навредувале. Тој бил принуден да ја гледа и неговата сопствената мајка како го набљудува негово страдање.
  24. Физиолошки, телото на Исус минувало низ катастрофални и терминални случувања.
  25. Бидејќи Исус не можел да се одржува во таква состојба долг период ѝ да одговори на вентилацијата на белите дробови, тој се нашол во состојба на хипервентилација (неадекватна вентилација)
  26. Неговата количина на кислород во крвта почнала да паѓа, и се развила хипоксија (ниска количина на кислород во крвта). Поради ограничени респираторни движења, количината на јаглерод диоксид (CO2) во крвта почнала да му расте – состојба позната како хиперкапнија.
  27. Овој пораст на количество на CO2 кулминирал со забрзано отчукања на неговото срце, со цел да се зголеми дотокот на кислорот и отстранувањето на CO2.
  28. Респираторниот центар во неговиот мозок слабеел и итната порака која била испратена до белите дробови е да дише колку е можно побрзо. Ова предизвикувало негово постојано искашлување.
  29. Неговите физиолоши рефлексни движења предизвикувале се поголеми издишувања, па морал побрзо да се поместува нагоре надоле низ крстот и покрај болката која ја трпел поради тоа. Очајничките движења биле спонтани неколку пати во минута. Сето тоа се случувало на воодушевување и вчудоневидување на насобраниот народ, римските војници и големиот број на разбојници околу него.
  30. Поради тоа што Исус бил закован за крстот ѝ бил целосно исцрпен, тој не бил во состојба да овозможи повеќе кислород на телото на кое очајнички му било потребно.
  31. Комбинацијата на хипоксија (премалку кислород) и хиперкапнија (премногу CO2) предизвикала неговото срце да работи се побрзо и побрзо, за да на крајот добие тахикардија.
  32. Неговото срце чукало се побрзо и побрзо. Неговиот пулс веројатно веројатно изнесувал околу 220 отчукувања во минута, што претставува максимално ниво на нормална одржливост.
  33. Исус не пиел ништо цели 15 часа. Шест од претходната вечер. Тој го преживеал камишкувањето, кое за малку ќе го убиело.
  34. Крвалел по целото тело. Тоа покрај камшкувањето било резултат и од круната направена од трња, клинците кои му биле заковани во нозете, како и од отворените рани од ударите и падовите.
  35. Исус целосно бил дехидриран, а неговиот крвен притисок бил многу низок.
  36. Неговиот крвен притисок веројатно бил околу 80/50.
  37. Исус бил во состојба да доживее шок. Сето тоа било резултат од хиповолемија (низок волумен на крвта), тахикардија (претерано брзо отчукување на срцето), тахипнеја (претерано брзо дишење) и хиперхидроза (прекумерно потење).
  38. Оолу пладне, неговото срце веројатно почнало да слабее со работата.
  39. Неговите бели дробови веројатно почнале да се полнат со пулмонален едем.
  40. Тоа само го влошило неговото дишење, кое веќе било сериозно загрозено.
  41. Дошло до влошување на работата на неговото срце и дишен систем.
  42. Исус рекол: „Жеден сум“, затоа што телото му плачело за храна со течност.
  43. Тој имал очајна потреба за инфузија на крв за да го спаси својот живот.
  44. Исус не можел правилно да дише и полека се гушел до својата смрт.
  45. Во оваа фаза, Исус веројатно развил хемоперикард.
  46. Плазмата во крвта се насобрала во просторот околу срцето, таканаречена перикарда.
  47. Оваа течност околу срцето предизвикала тампонада на срцето (течност околу неговото срце, која го попречувала да истото да чука исправно).
  48. Поради сите големи физиолошки барања на неговото срце и напредната состојба на хемоперикард, веројатно причина за смртта на Исус е прекин на работата на срцето. Срцето буквално му прснало. Тоа веројатно е причината за неговата смрт.
  49. За да го успорат процесот на смрт, војниците на крстот му ставиле мало дрвено седало, кои му дало на Исус „привилегија“, да ја носи својата тежина на градниот кош.
  50. Причината за ваквата постапка на војниците била со цел да му се овозможи на маченикот да го забави процесот на умирање во наредните девет дена од самото распнување.
  51. Ако Римјаните посакувале брза смрт, едноставо на жртвата ќе и ги скршиле нозете, па жртвата ќе се угушела за неколку минути. Тоа се нарекувало „crucigragrum“.
  52. Во три часот попладне Исус рекол: „Tetelastai“, што значи: „Готово е“. Во тој момент, го предал својот дух и умрел.
  53. Кога војниците дошле до Исус за да му ги скршат нозете. Тој веќе бил мртов. Ниту една коска од неговото тело не била скршена, што било исполнување на пророштвото.
  54. Исус умрел по шест часа на најболен и најстрашен начин на мачење кој некогаш бил измислен.
  55. Исус умрел за да обичните луѓе можат да одат на небото.

 

Scroll to Top