Американската команда за набавка, издала соопштение на официјалниот сајт на американската влада, каде бара понудувачи кои ќе бидат во состојба да произведат и испорачаат комерцијални куршуми, која не се по стандардите на НАТО, пишува Russia Beyond, а пренесува српски Курир.
Според соопштението, кое неодамна можеше да се види во јавноста, американската војска сака да набават куршуми кои се карактеристични за различни модели од стрелачкото оружје од советско/руско производство, како што се пиштоли, автоматско оружје, снајперски пушки и митралези.
Американската војска е заинтересирана за набавка на куршуми кои се користат за пиштолот Макаров, и Токарев, автоматски пушки од семејството АК, митралези ПКМ, тешки митралези ДШК, но и снајперски пушки СВД.
Основната цел за набавката на овие куршуми од советско потекло, е воената команда за обука на специјалните сили на САД, да има резерви во своето вооружување.
„Воената команда за обука на специјалните сили на САД, треба да поседува во својот арсенал, вооружување од советско потекло, во случај ако остане без домашното оружје (М-4) и куршуми, во моменти на интезивен конфликт со терористите“, наведува изворот кој е близок со руските специјални единици.
Тоа мора да стане стандардна процедура за сите единици кои одат во таканаречени воени зони.
„И ние во Русија исто така бараме стрелачко вооружување кое се произведува во земјите на НАТО, како што се моделите на оружје H&K, вклучително и автоматски пушки М-4. Големиот број сценарија поминуваат токму со ваквото оружје. Сосема е нормално во текот на борбите, на непријателските територии, дојде до недостиг на куршуми. Во тој случај, вие морате да користите оружје и куршуми кои се достапни, па и од своите непријатели. Во реалните ситуации, одлучуваат милисекунди. За да преживеете, подеднакво добро морате да бидете обучени во ракувањето со различните типови на автоматски пушки, како што се на пример АК-47 и М-16“, наведува изворот од руските специјални сили.
Се претпоставува дека куршумите од советско потекло, ќе се произведуваат во САД и нема да има потреба за набавка од Русија. Ова е од причина затоа што кон Руската Федерација и понатаму е на сила санкцијата кога е во прашање испораката на вооружувањето, откако насилно беше изведена руска анексија на полуостровот Крим.
„На американскиот пазар на вооружување, недостигаат нашите најнови автоматски пушки АК-12, но можат да се најдат и бројни модели од советските пушки, кои се набавени од републиката кои ја сочинувале Заедницата на независни држави. Моделите АК, кои се произведени во Русија, имаат висока вредност на американскиот пазар.
Истите се многу ценети. Сепак, американските љубители на вооружувањето, се оневозможени да ги набават последните модели од серијата АК“, наведува рускиот извор.
Новиот модел на автоматска пушка АК-12, за првпат е претставен на американската јавност, на почетокот на годината, на манифестацијата „Shot Show 2020“, која се одржува во Лас Вегас. Засега сеуште нема конкретно договорени бизнис зделки за водечките трговски куќи во САД, кои се занимаваат со продажба на оружје.
Тоа е поради санкцијата која оваа држава ја воведе кон Русија.
„Сеуште не е јасно кога Американците, во своите раце ќе имаат оружје кое ние сега го користиме. Постои можност за негова испорака по пат на трети страни и земји, но големо е прашањето дали таквата процедура ќе донесе конкретни резултати“, заклучува изворот.
Извор//Курир.рс