Напредокот на роботиката во целта за подобрување на животот во 21 век е исклучителен во последните 10 години, но концептот на разговори и комуникации е нешто што им задава потешкотии на научниците, сметаат експертите.
Сега тие велат дека се појавија теории дека учењето на вештачката интелигенција и сложеноста да го научат човечкиот јазик може да биде исклучително опасно.
Кики Хемпелман, компјутерски лингвист кој го изучува хуморот, тврди дека ако работите тргнат во непосакуван правец, роботите би можеле да почнат да убиваат луѓе затоа што ќе мислат дека тоа ќе им биде „смешно“.
„Вештачката интелигенција никогаш нема да ги разбира шегите како луѓето. Тие немаат потреба за хумор и целосно можат да ја промашат темата и контекстот“, вели Хемпелман.
„Подучувањето на вештачката интелигенција на хумор може да биде опасно, затоа што роботите ќе можат да препознаат хумор и таму каде што го нема и обратно, да го употребат таму каде што во никој случај не е соодветно“, дополнува Хемпелман.
Доктор Тристан Милер, компјутерски научник и лингвист на Технолошки факултет во Германија, е со малку пооптимистични ставови во однос на Хемпелман.
„Границите на вештачката интелигенција се речиси неограничени и идната технологија, ако биде доволно напредна, на роботите ќе им овозможи да го препознаат сарказмот, па дури и да ги разликуваат јазиците“, вели Милер.
Милер признава дека науката е далеку од тоа и дека роботите го немаат вистинското знаење за реалниот свет, за да можат да почнат да комуницираат користејќи шеги.
„Креативниот јазик, особено хуморот, е една од најтешките работи за прифаќање и разбирање на човечката интелигенција“, вели Милер.