Се на се 44 проценти од жителите во овој град се родени во Белгија.
Во градот Брисел, помал дел од жителите се лица родени во Белгија, покажало истражувањето на бриселскиот Институт за статистика и анализа (BISA).
Во текот на изминатите 16 години, бројот на странци во Брисел постепено го надмина бројот на жители кои се родени во Белгија, објавено е на белгискиот портал „The Bulletin“.
Податоците се однесуваат на странците кои го задржале државјанството во земјите во кои се родени, но и на оние кои станале државјани на Белгија.
Според податоците на BISA за 2016 година, 65% од жителите во Брисел имаат белгиско државјанство, но се на се 44% од жителите во тој град се родени во Белгија.
Брисел е административно средиште на Европската унија и НАТО, и е најмногуброен град во Белгија. Во градот денеска живеат околу 180.000 луѓе, а во подрачјето на метрополата 1,8 милиони.