Роналдо ги тера вработените да потпишат бизарни договори, многумина одбиваат иако платата стига и до 6000 евра

Криситјано Роналдо ги тера своите вработени да потпишуваат договори кои во себе содржат бизарни детали. Тие велат дека се исплати да се работи за фудбалерот затоа што месечните плати на готвачите, жените што чистат или батлерите е 6000 евра, плус платени им се сите трошоци.

Но, да се работи кај Роналдо не е лесна задача. Со влегувањето во неговата вила, мора да се потпишат договори со кои ќе се обврзат дека нема да зборуваат ништо за неговиот живот 70 години по неговата смрт. Работниците не смеат да зборуваат ништо за деновите поминати на работа, надвор од неговата вила.

Затоа и Португалецот има тешкотии да најде вистински готвач. Иако платата е повеќе од примамлива, со Георгина сè уште се во потрага по вистинскиот готвач, кој може да ги задоволи нивните барања.

 

Scroll to Top