Одбивањето на руската авиокомпанија „Волга – Дњепар“ да го продолжи договорот со НАТО за транспорт на тешка воена опрема со авиони претставува сериозен удар на Русија во „Ахиловата петица“ на НАТО, пишува германскиот весник „Франкфуртер алемајне зајтунг“.
Бундесверот и вооружените сили на другите држави на НАТО предвидуваат сериозни ограничувањa на своите воени можности поради ваквата одлука.
Volga-Dnepr will no longer haul NATO equipment – https://t.co/GcHMoArlGZ pic.twitter.com/3akAYMM6eo
— Alert 5 (@alert5) April 18, 2018
Претходно транспортните авиони повеќе од деценија превезувале поголем дел од воената техника во зоните на конфликт, вклучувајќи и тешки оружја, тенкови, транспортни и воени хеликоптери во Мали и Авганистан.
Воената авијација на Германија нема стратешки транспортни авиони кои можат да пренесат толкав товар. Дури ни новите А400М, кои веќе се користат, не се предвидени за превоз на товар со големи димензии.
На крајот НАТО го прекинал договорот со руско-украинската компанија „Руслан“ и од тогаш на аеродромот во Лајпциг постојано се наоѓаат два „антонов” авиони, подготвени за полетување.
По проблемите меѓу Русија и Украина, постигнат е нов договор со секоја од компаниите посебно. На крајот руската фирма му понудила на НАТО 12 транспортни авиони, а на украинската само седум.
Ако „Волга-Дњепар“ не го продолжи договорот со Алијансата, НАТО вклучувајќи го и Бундесвер од наредната година ќе мора да бараат нов транспорт за секој потежок товар. Во Германија сметаат дека тоа ќе биде одговор на Русија на санкциите на ЕУ и САД.
RT ACWmagazine “Volga-Dnepr to exit An-124 NATO charter agreement – https://t.co/HfoVWA4Hpe pic.twitter.com/hhgzou7Jui“
— Randy Woods (@WoodsACW) April 18, 2018
Весникот ги наведува зборовите на претставникот на германската Партија на зелените, Тобијас Линднер, кој вели дека стратешката транспортна авијација е „Ахиловата петица на НАТО“. Сега потребен е план Б за пренос на воената техника, пишуваат германските медиуми.