Русија ќе завладее со светот, а Путин ќе стане господар на сите, предвидела баба Ванѓа

Слепата пророчица од Струмица баба Ванѓа, која ја предвиде руската инвазија на Украина, во едно од своите интервјуа од 1979 година, рекла дека во иднина Русија е таа земја која ќе владее со светот и дека Путин ќе биде тој кој ќе им стане господар на сите.

Познатиот Нострадамус од Балканот, како што ја нарекувале баба Ванѓа, ги предвиде и нападите на САД на 11 септември. Таа починала пред 25 години во 1996 година на 84 години. Досега има предвидено страшни моменти за Трета светска војна и употреба и на нуклеарно оружје.

Во интервјуто со писателот Валентин Сидров, таа рекла дека славата на Путин ќе останела недопрена.

„Никој не може да ја запре Русија. Сè ќе се стопи како лед. Само едно ќе остане недопрено. Славата на Путин и Русија“, рекла наводно Ванѓа, а пренесе BirmingemLajv.

„Неговата слава ќе уништи сè што ќе ѝ застане на патот, а тој ќе стане господар на светот“, рекла Ванѓа.

Како што пренесе британскиот таблоид, баба Ванѓа предвидела и некои големи настани ширум светот, вклучувајќи ги и терористичките напади на 11 септември во Њујорк.

Нејзините привзаници тврдат дека за време на нејзината 50 годишна кариера, таа успеала да ја предвиде и пандемијата на коронавирусот, катастрофата во Чернобил во 1986 година и смртта на принцезата Дајана во 1997 година.

Баба Ванѓа наводно го предвиде и избивањето на ковидот кога предупреди дека короната ќе биде насекаде околу нас. Таа наводно ја предвидела и катастрофата на подморницата Курск во 2000 година.

„Ужас. Американските браќа ќе паднат откако ќе ги нападнат челични птици. Волкови ќе завиваат во грмушките, а ќе се лее невина крв“, рекла Ванѓа, предвидувајќи го нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк.

Нејзините следбеници тврдат дека 85% од нејзините предвидувања се оствариле, но, експертите кои ги истражувале нејзините пророштва, велат дека само 65% од нив биле точни.

Едно од пророштвата кои не се остварило е дека 45 претседател на САД, ќе се соочи со криза која ќе ја сруши земјата. Америка и понатаму опстои и покрај големиот број предизвици со кои се соочи Доналд Трамп во својот мандат.

Баба Ванѓа исто така предвидела дека вонземјани ќе ја нападнат земјата и дека тие ќе дојдат на астероиди. „Вонземјански бродови ќе ја нападнат Земјата и ќе ги бомбардираат градовите и ќе ги заробат луѓето“, наводно рекла таа.

Баба Ванѓа е порасната на фарма во денешна Македонија, а ослепела додека била млада кога нејзиниот дом бил погден и уништен од торнадо. Нејзините следбеници веруваат дека оваа чудна несреќа и дала нова моќ, да ги предвидува настаните во иднина.

Scroll to Top