Русија обвинува дека Фејсбук се претвори во инструмент за манипулација на американските истражувачки служби

Социјалната мрежа Фејсбук постепено се претвора во инструмент на манипулација на американсктие известувачки служби поради чистење на информацискиот простор, изјавила портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

„Се испоставува дека практично секоја информација не само на Фејсбук, веќе и на сите други ресурси кои му припаѓаат, Инстаграм или Whats App, можат да ги блокираат или отстратнат експертите за безбедност, чија бројка оваа година, како што дознавме може да се удвои и да изнесува 20,000 луѓе“, прокоментирала Захарова, за престојните цензури на оваа социјална мрежа.

Според нејзините зборови, Фејсбук се претворила во манипулативен инструмент на американските известувачки служби, поради чистење на информацискиот простор од материјали кои не се пожелни за официјален Вашингтон.

Захарова додала дека под изговор на борбата против лажни вести, покрај постоечките правила на филтрирање на веродостојноста на вестите и политичките огласувања, Фејсбук сега ги проверува и личните податоци на корисниците како и аудио и видео материјалите.

На средината на јуни објавено е дека Фејсбук ќе ја проверува и автентичноста на фотографиите и во видео записите на корисниците.

На сомнителните содржини работат 27 компании кои се занимаваат со проверка на фактите за оваа социјална мрежа.

 

 

 

Scroll to Top