Русија се закани дека ќе ја казни „Википедија“ ако не ги избрише лажните информации за Украина

Рускиот регулатор „Роскомнадзор“ побара од „Википедија“ да ги отстрани „содржините со неточни информации од јавен интерес“ за ситуацијата во Украина. Регулаторот ја обвини „Википедија“ дека содржи лажни информации за она што Русија го нарекува специјална воена операција во Украина и за дејствата на руската војска.

Во согласност со рускиот закон, „Википедија“ може да биде казнета со сума до четири милиони рубли (48.120 долари) ако не ги отстрани „лажните информации“ што ги посочи „Роскомнадзор“.

Минатиот месец Русија донесе закон со кој известувањето за војната во Украина спротивно на верзијата на Кремљ може да се казни и до 15 години затвор поради што речиси сите независни медиуми престанаа да работат.
Scroll to Top