Русинот Волф Григориевиќ Месинг, го предвидел коронавирусот уште пред 60 години тврдат негови следбеници. Месинг се смета за еден од најмистеризоните лица на 20 век во Русија, а неговите предвидувачки и телепатски способности, ги изучувале најпознатите психолози од неговото време.
Месинг многу популарен, особено во шеесетите години од минатиот век и никој не можел да ја објасни неговата дарба. Неговите приврзаници, веруваат дека тој предвидел дека Хитлер ќе ја изгуби војната и Сталин ќе го освои Берлин.
Иако негирал дека е пророк, жителите на Советскиот Сојуз верувале дека тој можел да чита мисли. И тоа постојано го докажувал пред бројна публика.
Науката ни ги потврдила ни ги демантирала неговите необични способности. Голем дел од популацијата за него дознала преку филмовите и книгите кои се пишувале за него. Една од најпознатите е „Јас, Менинг“, книга за која на почетокот се верувала дека е негова автобиографија.
Истата била продадена во неверојатен број на примероци. Подоцна се открило дека ја напишал новинар на „Комсомољска правда“, кој всушност се трудел да напише интересно четиво.
Месинг бил запомнет како човек со необични способности, па многумина и денес внимателно ги следат неговите пророштва
Извор/Курир.рс