Русите им понудија на Германците решение за Навални – да формираме заеднички тим на експерти и да ја дознаеме вистината

Руските лекари им предложиле на германските колеги да формираат заедничка група, која ќе се занимава со ситуацијата околу рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални.

Ваквиот предлог стигнал од претседателот на Националната лекарска комора Леонид Рошаљ. Тој објаснил дека судбината на Навални е вознемирувачка за многумина во светот и поради тоа, експертите од двете земји мораат да ги утврдат основните причини за неговата состојба.

„Ајде смирено сите да се собереме, руски експерти, токсиколози и германски експерти и да ја разгледаме оваа ситуација. Дали утврдиме дали е во прашање труење или не. Ако се испостави дека Навални навистина бил отруен, сметаме дека е неопходно Русија да покрене кривична постапка“, навел лекарот.
Рошаљ истакнал дека причините за сето тоа што му се случило на Навални, засега не се јасни. Тој потврдил дека руските лекари добро си ја сработиле својата работа, извлекувајќи го пациентот од тешката состојба. Но, испитувањата спроведени во Русија, не покажале дека се работи за труење, за разлика од германските колеги кои нешто откриле, истакнал тој.
За потсетување, германската влада, повикувајќи се на лабораторијата „Будесвер“, соопштила дека рускиот опозиционер Навални, е отруен со супстанца од групата на хемискиот воен отров, новичок.

 

Scroll to Top