Русите се загрижени од идејата американското нуклеарно оружје да се премести во Полска

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, предупреди дека потенцијалното поставување какаво било нуклеарно оружје на територијата на Полска ќе го сфатат како тешка провокација. Ваквиот негов одговор стигна по најавата од Варшава за ваквата можност.

Говорејќи за фрацуски LCI во средата, Песков рече дека таквиот потег сигурно ќе предизвика реакција од Русија, алудирајќи на руската нуклеарна способност.

„Тоа би била голема закана за нас. Во тој случај разместувањето на нуклеарните ракети на западната граница би било неизбежно“, додаде тој и потенцираше дека Русија е многу одговорна нуклеарна сила.

Песков ова го рече откако заменик-премиерот на Полска Јарослав Качинњски пред неколку дена за германските медиуми изјави дека неговата земја е отворена за распоредување на американско нуклеарно оружје на нејзина територија.

„Раша тудеј“ го пренесе одговорот на Песков кој објасни дека ваквиот потег само дополнително ќе ги зголеми тензиите во екот на украинската криза и ќе предизвикаат длабока загриженост.

Качински не е единствениот кој ја спомена оваа идеја. Слича приказна се појави и во 2020 година кога од САД стигна предлогот дека нуклеарните ракети стационирани во Германија треба да се преместат во Полска.

„Раша тудеј“ пренесе дека позиционирањето на нуклеарното вооружување е во спротивност со прописите на НАТО во кои е наведено дека алијансата нема намера, план или причина да постави нуклеарно оружје на териториите на новите членки.

Таа уредба е донесена уште во 1996 година, а Полска дури три години подоцна влезе во НАТО, па не можеше да учествува во разместувањето на нуклеарните ракети стационирани во Турција, Италија, Белгија, Германија и Холандија.

Инаку, американското нуклеарно оружје во Европа се состои исклучиво од нуклеарни бомби B61 кои можат да ги носат, меѓу останатите и американските бомбардери B-2 Spirit, B-1 Lancer и B-52 Stratofortress, како и борбените авиони F/A-18, Panavia Tornado, а наскоро и F-35A.

 

Scroll to Top