Жителите на Хабаровски Крај во Русија велат дека пред неколку дена биле сведоци на силен удар на голем метеор, кој паднал на врвот на вулкан, а потоа го срушил коритото на реката Буреја. Жителите на Хабаровски Крај во Русија тврдат дека метеорот е одговорен за лизгалиштето кое формирало брдо високо 150 метри.
Рускиот ловец Антон Иванов прв забележал како излегува пареа од повеќе места каде што удрил метеорот.
„Мирисаше на водород сулфид и забележав како од неки места се издига пареа. Дури и откривме места на врвот каде што имаше многу жешки камења. Камењата ги искористивме за да ги стоплиме рацете“, изјавил Иванов.
Минувајќи по коритото на реката Буреја, како што тврдат жителите, биле откриени парчиња жежок камен и делови од метеори.
„Не веруваме дека човек е причината за вакво нешто. Освен ако преку ноќ не се започнати некакви големи градежни активности за кои не сме известени. Но, не веруваме дека за толку кратко време може да се случи тоа. Можеби станува збор за срушено НЛО“, велат сведоците.
Експерт од Факултетот за природна наука, доктор Евгениј Зубко, вели дека жителите го почувствувале ударниот бран, но од пераметарот на неговиот пад зависи дали ќе бидат пронајдени делови од него.
Регионалниот директор на Руското географско друштво, Алексеј Махинов, верува дека причина за лизгалиштето може да биде и земјотрес.
„Можеби е во прашање и метеор, но тоа е малку веројатно“, вели Махинов.
Директорот од Институтот за астрономија на Руската академија на науки, Борис Шустов, изјавил дека ниту еден метеор што би можел да направи ваква штета, како што ја опишале тамошните жители, не е забележан да влезе во атмосферата на Земјата.