Водачот на Комунистичката партија н Русија, Генадиј Зјуганов, изјавил дека верува дека евентуалната вакцина против новиот коронавирус е капиталистичка завера, со цел да се имплантираат микрочипови во луѓето и да се обезбеди нивното дигитално поробување, пишува српски Курир, повикувајќи се на Moscow Times.
Тој во неодамнешната колумна за кризата со која се соочуваат етничките Руси, го нападна капиталистичкиот глобализам, поради, како што вели, обидот сите национални култури бидат подложни на единствен космополитски антикултурен стандард.
„Глобалистите се подготвени да ги искористат најсовремените технологии на дигиталното поробување. Меѓу нив е и прикриената масовна имплантација на чипови, под изговор задолжителна вакцинација против коронавирусот“, изјавил Зјуганов.
„Идеолозите на дигиталниот фашизам имаат сојузници меѓу сопствениците на големите корпорации, раководители на банки и високи официјални лица, вклучително и во нашата земја“, напишал Зјуганов на 14. мај, на веб страната на неговата партија.
Неговата забележла следела по распространетите полемики во Русија, околу емисијата на популарниот филмски режисер, Никита Микхалков, кој го обвинил Гејтс дека се обидува да вбризга микрочипови во луѓето, заради контрола на населението. Никита, ја обвинил државната телевизија Rossia 24, за цензура, откако ја повлекла репризата на неговата емисија.
„’Петтата колона’ чии претставници се именувани во емисијата, сами признале и потврдиле дека Михајалков бил на местото“, напишал Зјуганов во својата колумна. Русија го усвоила законот за казнување на оние кои шират намерно лажни информации за коронавирусот на дури пет години затвор.
Бројни корисници на руските социјални медиуми, парично се казнети, а некои од нив и се блокирани.
Извор/Курир.рс/Moscow Times