Поранешниот службеник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден, кој е обвинет за шпионажа, затоа што објавил доверливи документи за програмата на шпионирање, вели дека се плаши за својот живот и открива дека веројатно американските служби се подготвуваат за негова ликвидација.
„Ако паднам од прозор, тоа ќе биде затоа што некој ме турнал“, изјавил Сноуден за „Шпигел.
Сноуден не крие дека сака да се врати во САД, но само во случај да му биде гарантирано фер судење.
Тој од 2013 година живее во егзил во Русија, а за американскиот CBS изјавил дека САД не дале согласност да му обезбедат минимум фер судење, што би му овозможило барем да се обиде да докаже дека неговото објавување на тајните документи е од јавен интерес.
Тој тврди дека американската администрација сака против него да покрене и поинаков процес кој ќе се разликува од судењето на обичен американски граѓанин.