Сателитски снимки направени на 22 јуни открија бункери, шатори и складишта за воена опрема во близина на границата меѓу Кина и Индија.
На местото во близина на Галванската Долина, сега можат да се видат објекти кои до пред месец дена ги немало. Кина изгради нови структури во близина на местото, каде што неодамна изби конфликт во кој загинаа 20 индиски војници.
Новите снимки се објавени во моментот додека двете страни водат преговори за намалување на тензиите, по конфликтот во кој, според одредени наводи, имало жртви и на кинеската страна, иако засега овие информации не се официјално потврдени.
Кофликтот во Галванската Долина, спорната хималајска област, се случи на 15 јуни, неколку недели откако високорангирани команданти на двете земји се согласиле мирно да ја решат ситуацијата во пограничното подрачје во рамки со различните билатерални договори.
Двете земји тогаш тврделе дка во смртоносната престрелка не бил испален ниту еден куршум ниту, пак, била фрлена граната. Наместо тоа, тие тврделе дека стотина војници во пресметката, од двете страни се служеле со тупаници, метални шипки и камења.
Наводно кинеските војници во тој конфликт турнале еден индиски полковник од карпа во реката.