Саудискиот принц испратил тим на елитни убијци во Канада за да убијат поранешен шпион

Сауискиот престолонаследник и принц Мухамед бил Салман испратил тим на елитни убијци во Канада за да убијат поранешен шпион, пренесуваат светските медиуми.

Салман е обвинет дека го испратил тимот за да го ликвидираат поранешниот оперативец во саудиската известувачка служба Сада ал Џабрија.

Во списите од предметите во еден американски суд, наводно е запишан планот за ликвидација на Џабрија кој е осмислен недолго по суровата ликвидација на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Турција, пренесува „Би-би-си“.

Но, долгогодишниот саудиски известувач пред 3 години, побегнал во Торонто, каде од тогаш живее со приватно обезбедување.

Наводната ликвидација е провалена, откако канадската погранична полиција ги открила припадниците на елитниот тим за ликвидација, во обидот да влезе на територијата на Канада, преку аеродромот Пирсон во Торонто, наведено е во списите на американскиот суд.

Џабри со години бил контактот меѓу саудиските известувачки служби и британскиот МИ6 и други западни безбедносни служби и наводно им предал на надлежните во Вашингтон документ на 106 страници за наводните обиди на престолонаследникот Мохамед да го ликвидира.

Неговата ликвидација би го спречило да сведочи и да ги обелодени неговите сознанија за корупција и политичките ликвидации кои ги спроведувал елитниот тим на платениците на принцот, наречен „Одред на тигри“.

Џабри тврди дека принцот Мухамед се обидел да го намами да се врати во Саудиска Арабија и дека во еден момент му се заканил дека, како и да е, тие ќе дојдат до него и ќе го најдат.

„Одредот на тигри“ е составен од 50 луѓе, меѓу кои и експерти за чистење по местото на злосторот. Тие го лоцирае Џабри преку шпионски софтвер, кој бил инсталиран на неговиот телефон.
Принцот веќе се обидел да дојде до Џабри, преку неговото семејство. Како што пренесуваат некои од светските медиуми, тој веќе ги имал киднапирано неговите деца, со цел да го натераат да се врати во земјата. Уште еден член на неговото семејство бил киднапиран во Дубаи, а потоа и мачен.

 

Scroll to Top