Сè се оркестира телефонски, Лукашенко откри од кои три земји се командуваат протестите во Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека протестите во Минск и во други градови на Белорусија, се оркестираат од Полска, Велика Британија и Чешка, а дека руските, полските и украинските државјани се обидуваат да учествуваат во демонстрациите.

Како што изјавил на состанокот со шефот на извршниот секретаријат CIS, Сергеј Лабедев, повиците биле пратени и доаѓале од тие три земји, пренесува „Тас“.

„Повиците се упатени од Полска, Чешка и Велика Британија, сè со цел да се контролираат, да ми извините, овците, кои не разбираат што прават, а кои е лесно да се контролираат“, изјавил Лукашенко.

Тој додал дека руските, полските и украинските државјани се обидуваат да учествуваат во масовните протести.

„Нема да ја споменувам Полска, нема да зборувам за Украина, луѓето доаѓаат од таму, сигурен сум дека тоа не е државна политика, но таму има многу луѓе кои се луди за „Мајдан“, кој веќе го спомнав. За жал, некои луѓе стигнаа и од Русија“, изјавил Лукашенко.

Тој изјавил дека ќе настојува да го спречи доаѓањето како што се случи со „Мајдан“ и прописно да одговори на обидите да се подели земјата.

„Овде нема да се случат настаните како што тоа беше беше случај со „Мајдан“ во Украина, без разлика на тоа дека некои тоа и го посакуваат. Сите треба да се смират“, изјавил Лукашенко.

Тој изјавил дека адекватно ќе одговори и на обидите земјата да се дестабилизира. Во неделата вечерта, откако беа соопштени првите резултати на претседателските избори, дојде до големи протести на кои демонстрантите влегоа во конфликт со полицијата, а во истите беа уапсени на 3000 учесници.

На тие избори Лукашенко освои шест мандати победувајќи со 80,23 проценти гласови.

Scroll to Top