Се создава класа на невработени бескорисни луѓе

Човечката раса би можела да се претвори во една невработена маса на лица кои ќе немаат  никаква цел и кoи полека ќе треба да се ништат со носење кацига за виртуелна реалност и пиење лекови.

Бил Гејтс неодамна препорачал пет книги кои треба да ги прочитате во текот на летото, а на тој попис ја ставил и книгата Sapiens A Brief History of Humankind од историчарката Јувал Ноа Харари за која основачот на Мајкрософт и најбогат човек на светот напишал дека ги поттикнала него и неговата сопруга Мелинда на бројни расправи.

Оваа препорака е одлична реклама за следната книга на Харари, која би требало да биде во продажба во текот на септември, но некои нејзини делови веќе се појавиле во јавноста.

Најинтересниот дел се однесува на контроверзната тема за која веќе долго време расправале бројни научници, новинари и футуролози како Раја Курцвеила, за напредокот на роботите и вештачката интелигенција и за тоа што би се случило доколку таа за момент го надмине нивото на човековата интелигенција.

Некои веруваат дека ќе се случат позитивни работи, вештачката интелигенција и роботите ќе го работат тоа што денеска го прават луѓето. Човекот во тој случај ќе има повеќе време за себе. Ова навистина би можело да се случи, но само за онаа мала група најбогати луѓе на светот, додека другите ќе стравуваат од масовна невработеност. Дури ќе постои и закана за човештвото доколку вештачката интелигенција нè доживее како закана па роботите би можеле во тој случај да се обидат да нè уништат.

Харари во новата книга, како една од можните теории за тоа што би можело да се случи со развојот на вештачката интелигенција и роботите, ги споменува и „класите на бескорисни луѓе“, што за неа е една од најголемите закани во 21 век.

Тоа се луѓе кои поради роботите и вештачката интелигенција ќе останат без работа или никогаш нема да можат да се вработат, со оглед на динамичните промени на пазарот на труд и технологиите. Целиот тој напредок може да предизвика човекот кој се школувал во текот на својот живот и поминал 20-30 години во образовниот систем, основно, средно училиште, факултет, да стекне некакви вештини, но на крајот да остане на улица поради тоа што токму таквите вештини во иднина ќе бидат бескорисни.

Харари вели дека намерно е употребен зборот бескорисни мислејќи при тоа на нивната „бескорисност во политичка и економска, а не во морална смисла“.

Ако луѓето бидат невработени и немаат никаква перспектива (што сега би можело да се каже и за голем број млади луѓе на Балканот), луѓето ќе се почувствуваат безначајно и повеќе ќе немаат причина за станување од креветот, смета Харари и додава дека државата тој проблем би можела да го реши контролирајќи ги среќата и задоволството на луѓето преку лекови и виртуелни светови.

Човечката раса поради тоа би можела да се претвори во невработена група без никаква цел која полека ќе се ништи преку лекови, носејќи кацига за виртуелната реалност.

Интересно, за тоа се пишувало откако била објавена фотографијата од конференцијата на „Самсунг“ на која Цукенберг е опкружен со група луѓе кои носат VR очила, а многумина мислат дека така би можела да изгледа и иднината. Ова го напишал и „Гардијан“, со саркастична напомена: „Добродојдовте во новата револуција“.

Што мислите вие, дали ваквите размислувања се само дел од фантазијата на Харари и сценариото за некои научно-фантастичен филм или со понатамошниот развој на технологијата и експериментите со вештачката интелигенција навистина ни се заканува вакво сценарио?

 

 

 

 

Scroll to Top