Сексуалните напади, абортусите кои им се правеле без анестезик, злоставувањата и изгладнувањата се само дел од ужасните трагедии кои жените во Северна Кореја морале да ги трпат додека биле во војската, пишуваат светските медиуми.
Една од тие жени била и Џенифер, која сега живее во Сад. Таа сега реши да посведочи за ужасите кои ги трпела додека била војската на Северна Кореја.
Таа вели дека во војската се случувале силувања и дека девојките биле мачени. Џенифер вели дека жените во војската морале да користат мокри крпи кои ги завивале околу нозете како влошки, за да не трпат колективни казни.
Една од тие казни подразбирало и да ги држат рацете во студена вода, а потоа да се фатат за замрзната шипка за да може кожата да им се залепи за металот. Кога ќе се обиделе да се пуштат, кожата им се кинела.
Џенифер рече дека 70% од жените во војската биле жртви на некаков облик на сексуално насилство. Таа сведочела и пред Комитетот за човекови права на Северна Кореја и сведочела дека била силувана од еден политичкиот советник кој прво и понудил позиција во неговата канцеларија кога таа имала само 23 години.
„Не можев да одбијам. Ако одбиев немаше да станам член на Работничката партија и тогаш ќе бев стигматизирана до крајот на животот. Немаше да можам да најдам работа, ниту пак да се омажам. Не смеев да одбијам. На крајот тој сексуално ме нападна“, раскажа Џенифер.
Таа дневно јадела само 3 до 4 пченки дневно и била толку изгладнувана што ретко добивала менструација. Но и покрај тоа таа забременила. Кога му кажала на политичкиот советник дека е бремена, тој ѝ кажал да се јави во амбулантата истата ноќ во 22 часот.
„Ме пречека воен хирург. Тој ми направи абортус без анестезија“, рече Џенифер и низ солзи кажа дека болката била неподнослива.
„Тоа и понатаму ме прогонува и ментално, но и физички, затоа што не можам сега да забременам. Срам ми е“, рече таа.
Таа раскажа и дека за време на неколкуте години воена служба, искористила само 4 влошки. Жените морале да се снаоѓаат со една газа која потоа ја переле и повторно ја користеле. Истата често ја добивале постарите офицерки. Кога ќе снемало, тие користеле крпи кои војниците гикористеле место чорапи.
Ткаенината била многу груба и ја иритирала кожата. Девојките со секое движење имале такви болки, што кожата постојано им црвенеела. Крпите ги користеле повеќе пати. Во бараките немало ни греење, па тие не можеле да ги исушат, па ги ставале мокри за да избегнат колективна казна.
Џенифер и ден денес чувствува агонија од тоа што била изгладнувана и поради изгубената кожа на рацете.
„Го броев секое зрно пченка за да ми остане храна подолго“, рече таа.
Многу жени во војската поради тоа биле приндени и да крадат храна. Џенифер била една од оние која со другарките украла неколку пченки од полињата и ги јадела живи.
„Сега имам вкусна храна, но, ништо нема така добар вкус како таа сурова пченка која тогаш ја јадев. Тоа беше најслатката и највкусна хрна која некогаш сум ја пробала“, рече Џенифер, која сега живее во САД.
Извршниот директор на Комитетот, Грег Скарлатиу, рече дека злоставувањето на жените стигна до самиот врв на Северна Кореја.
„Жените војници на Северна Кореја се злоставувани, казнети, изгладнувани, а нивната трагична борба е показател за криминалниот режим кој е воспоставен таму уште пред 73 години“, рече тој.
Од 2015 година воената служба е задолжителна за сите жени во Северна Кореја и од нив се очекува во војската да се приклучат веднаш по дипломирањето од нивната навршена 23 година.